Општина Богданци                                                                                          

ЧЕСТИТКА ЗА НОВА ГОДИНА

Ми претставува задоволство во мое лично име и во името на општинската администрација, да ви испратам најискрени желби за што подобра Нова Година, посакувајќи во секое семејство да преовладува здравјето, љубовта, среќата и слогата.

Среќна Нова 2016 Година!

Со почит,

Анастасија Олумчева – Градоначалник на општина Богданци

ЗАВРШИ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ТРЕТИОТ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС

На ден 21.12.2015 успешно заврши  имплементацијата на третиот јавен повик за прибирање на предлог проекти од јавен интерес за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните од областа на локален економски развој, заштита на животната средина, спорт,образование и култура насочен кон здруженија на граѓани и фондации од Општина Богданци преку програмата за Локален економски развој. Носител на проектот за Набавка на повекенаменски делови од народни носии кој беше избран како најдобар предлог проект беше ЗКУД Бранд Петрушев од Богданци.

Набавените повекенаменски делови од народни носии беа презентирани во просториите на ООУ Петар Мусев Богданци.

 

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО, ВАНЧО КОСТАДИНОВСКИ, ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски, на ден 21.12.2015 година беше во работна посета на општина Богданци, поточно во просториите на СОУ „Богданци“, каде се сретна со земјоделци и преработувачи од општината, а оствари работна средба и со градоначалникот, Анастасија Олумчева.

Целта на посетата беше преку директна средба земјоделците да бидат запознаени со проектите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кои се за поддршка на земјоделството и преку кои се нудат низа поволности со што се поттикнува развојот на земјоделието и сточарството на територијата на Република Македонија.Присутните беа отворени за прашања како и решавање на проблемите со кои се соочуваат земјоделците при исплата на штети, аплицирање при јавни повиц, субвенционирање  и сл.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат сите земјоделци кои што имаат засадено површини со зимна зелка и кромид, а наводнуваат од ХМС Паљурци, во најкраток можен рок да се пријават во просториите на ВЗ Богданска Котлина-во стечај, заради евидентирање на истите и подготовка на план за наводнување.

ОДДРЖАН СОСТАНОК НА ЛЕСС

На ден 15.12.2015 во просториите на општина Богданци (сала на совет) се оддржа состанок на Локалниот економско социјален совет Богданци. На состанокот присуствуваа членови, заменици членови и поканети гости  од приватниот сектор, синдикатите, јавната власт како и невладините организации во општина Богданци. На дневен ред на состанокот беше разгледување на предлог Програмата за активности на општина Богданци во областа на Локалниот економски развој во 2016 година – работна верзија и Прибирање на предлози за посета на саеми за 2016 година. На состанокот исто така се продискутираа различни теми и области при што на взаемен предлог како заклучок беа иницирани неколку конкретни барања за расправа на идната седница на Советот на општина Богданци како и превземање на одредени активности согласно ингеренциите на Советот на општина Богданци и Градоначалникот на општина Богданци. 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
705607

Посетители

1147639
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
825
1864
2689
32135
1147639

Server Time: 2017-09-26 14:14:54

 

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Joomla template by Joomlashine.com