Шефот на Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Самуел Жбогар, на ден 04.03.2020 година ја посети општина Богданци како дел од кампањата „ЕУ за тебе“, чија цел е подигање на свеста и информирање на јавноста за помошта од ЕУ во земјата.

Жбогар најпрво оствари средба  со учениците од СОУ „Богданци“ каде беа разменети мислења за Европската Унија и се дебатираше на тема „Визијата на младите за ЕУ“. Евроамбасадорот оствари работна средба и со градоначалникот на општина Богданци, Блаже Шапов, со кој го посети Домот на култура „Бранд Петрушев“, реконструриран со средства од ЕУ-фондовите, како и црквата „Св. Атанасиј Велики“.

           

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara