Почитувани сограѓани,

Ве известуваме дека деновиве вандалски е уништена фонтаната во Градскиот парк во Богданци, која неоддамна беше реконструирана. Непознати сторители ги искршиле новозалепените мозаични плочки, ги оштетиле светилките и керамичката опшивка на истата при што нанеле поголема материјална штета, а случајот веднаш е пријавен во полиција.

Фотографиите приложени подолу сведочат за овој срамен чин кој предизвика голема вознемиреност кај локалната самоуправа и граѓаните на Богданци.

Општина Богданци го осудува вандалскиот чин, а сторителите без разлика на мотивите поради кои го сториле истиот мора да сносат одговорност.

Апелираме во иднина граѓаните да се воздржат од нанесување на штета на јавните добра со цел заеднички и конструктивно да придонесеме за создавање подобра слика за нас и нашето Богданци.

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara