Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Проект на Македонски Каритас за чиста вода и климатска отпорност презентиран на работна средба во Општина Богданци

Проектот, поддржан од Министерството за надворешни работи на Словенија и Словенски Каритас, предвидува опрема, обуки и поддршка на женски зелени иницијативи.

Претставници на Македонски Каритас на 10 март 2026 година одржаа работна средба со Општина Богданци, на која беше презентиран проектот „Вклучување на жените во подобрување на услугите за достапност до чиста вода и санитација и зајакнување на отпорноста на климатските промени во Македонија“.

На средбата учествуваа Томислав Микулец, Александар Младеновски, Верица Ангеловска, Филип Стојанов и отец Гоце Костов од Македонски Каритас. Градоначалникот Блаже Шапов ги поздрави присутните и ја истакна подготвеноста на општината за соработка при реализацијата на активностите.

Општинските претставници Митко Влахов, Борис Ванчев и претставничката на граѓанскиот сектор Христина Шутарова беа информирани за планираните проектни мерки и очекуваните резултати.

Беше посочено дека проектот е поддржан од Министерството за надворешни работи на Словенија и Словенски Каритас, со фокус на јакнење на локалните капацитети за справување со климатски ризици поврзани со водните ресурси, санитацијата и превенцијата од поплави и други екстремни појави.

Проектот предвидува набавка на опрема за интервенции и одржување, обуки за општински кадар со домашни и странски експерти, како и размена на искуства со партнери од Словенија.

Посебен акцент е ставен на поддршка на женски зелени иницијативи преку микро-грантови за еколошки идеи и активности, како и јавни кампањи за подигање на еколошката свест во општините вклучени во проектот.

Од двете страни беше изразена подготвеност за понатамошна соработка во рамки на проектот, при што беше најавено продолжување на координацијата околу следните чекори за реализација на активностите.

Повик до сите заинтересирани млади лица (на возраст од 18 до 35) 

Европскиот комитет на регионите ја започна програмата „Програмата за млади избрани политичари (YEP) 2026“, која нуди единствена платформа за млади локално и регионално избрани претставници (на возраст од 18 до 35 години) да се вклучат во институциите на ЕУ, да разменуваат искуства со врсници низ цела Европа и да придонесат во дискусиите за политиките на ЕУ што влијаат на локалните заедници.

Програмата претставува одлична можност за избрани млади претставници да ги зајакнат своите лидерски вештини, да ги прошират своите професионални мрежи и да ја доближат перспективата на земјите од проширувањето до процесите на креирање политики на ЕУ.

📅 Краен рок за аплицирање: 17 април 2026 година

Стратегија за климатски промени на општина Богданци 2026-2033

Почитувани,

На документотот подолу е прикачена Нацрт верзијата на Стратегијата за климатски промени на општина Богданци за периодот 2026-2033 година. Во наредните 14 дена може да ги доставите Вашите коментари и забелешки по истата.

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ 

Врз основа на Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги бр.08-1921/24 од 26.12.2025 година („Службен гласник на Општина Богданци“ бр. 23/25), Градоначалникот на Oпштина Богданци, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС 
ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ 

Општина Богданци ќе обезбеди средства од Буџетот на Општина Богданци за 2026 година за финансирање на активности од областа на социјалната заштита, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓани изложени на социјални ризици за периодот од месеците јануари-декември 2026 година.

Вкупниот  износ на субвенцијата   ќе изнесува  300,оо денари  месечно за секој корисник  и е составена од две компоненти тоа:

  1. покривање на трошоците  за потрошена вода за пиење од 300,оо денари за секој корисник на услугата односно субвенцијата или
  2. покривање на трошоците  за ѓубретарина од 300,оо денари за секој корисник на услугата односно субвенцијата

Субвенционирањето ќе можат да го користат само за едната компонента.

Право да поднесат  барање за субвенционирање од средствата на  Буџетот на Општина Богданци имаат:

  • Лица корисници на социјална парична помош;
  • Да е корисник на услуги од ЈП „Комунална Чистота“ Богданци,

       Со барањето за субвенционирање на трошоци за комунални услуги се доставува следната документација:

  • Потврда дека е корисник на социјaлна парична помош;
  • Потврда за користење на услуги од ЈП „Комунална Чистота“ Богданци;
  • Лична карта (на увид);

      Заинтересираните лица своите барања можат да ги достават директно во архивата на општина Богданци или преку пошта, на адреса : Oпштина  Богданци ул.„Маршал Тито“ бр.62 Богданци;

      Јавниот оглас ќе се објави на веб страницата на општина Богданци www.bogdanci.gov.mk , а барањата ќе можат да се достават најдоцна до 23.01.2026 година до 16 часот во архивата на Општина Богданци.

                                                                                                     

                          

Во општина Богданци традиционално палење на коледарски оган

Почитувани,

Ja имаме честа да Ви соопштиме дека и во 2026 година во општина Богданци ќе се оддржи настанот традиционалното палење на коледарскиот оган.

Во Богданци настанот ке се оддржи во Понеделник 05.01.2026 година во Гратскиот парк со почеток во 19 часот а во Ѓавото во 18.00 часот. Во забавниот дел од програмата учество ќе земат ученици од ООУ„Петар Мусев“ и локални музички изведувачи.

Настанот е во организација на општина Богданци.

Во Вторник 06.01.2026 година истиот настан во организација на Месната Заедница Стојаково ќе се оддржи во населено место Стојаково придружен со оддржување на забавна програма (маскенбал) во Спортската сала со почеток во 18.30 часот. Во Селемли настанот ќе се оддржи на 06 – ти јануари во 18.30 часот.

Новогодишна радост за најмладите

Со голема радост Ве информираме дека Дедо мраз пристигна во детската градинка „Коста Поп Ристов Делчев“ во Богданци и Стојаково и донесе радост, смеа и новогодишни пакетчиња кај дечињата.

Новата година носи нов почеток, нова надеж и најголема радост на децата, a со цел да се израдуваат сите дечиња во градинките, Општина Богданци од сопствениот Буџет обезбеди 300  пакетчиња и 50 пакетчиња беа донирани од Кам Маркет.

Насмевките и радоста на дечињата се нашата најголема мотивација и доказ дека заедно ја создаваме празничната магија.

Среќни новогодишни и божиќни празници!

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |