Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Донесени одлуки на 60-та седница на Владата на Република Северна Македонија

Во продолжение на 60-тата седница што се одржа денеска, Владата на Република Северна Македонија, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, донесе одлука да се воведе целосна забрана на движењето на сите граѓани во Скопје (сите скопски општини), Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, почнувајќи од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот.

Во сите останати градови, се забранува движење на сите граѓани од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до петок (5 јуни) до 05:00 часот наутро, а во петок, сабота, недела во овие градови забраната започнува од 16:00 часот и трае до следниот ден до 05:00 часот наутро.

Петок (5 јуни) се прогласува за неработен ден за сите граѓани.

Во периодот од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот, се забранува посета на гробиштата на територијата на цела држава, освен за погреби.

Отстапките за од овие забрани се однесуваат за земјоделските активности, поради што е дозволено движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.
За време на периодот за кој е донесена оваа одлука за забрана за движење, аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Остануваат на важење сите издадени дозволи за движење за време на претходните забрани за движење кои беа воведени, особено за економските оператори и за работа организирана во смени.

Забраната за движење не важи за лицата со попреченост и за нивните придружници доколку имаат соодветна документација.

Прошетката на милениците ќе биде во веќе востановените термини во периодите 08:00 до 8:30, 15:00 до 15.30 и 20:00 до 20:30 часот.

Економски оператори кои ќе примаат и ќе испорачуваат нарачки за време на забраната за движење

Ве известуваме дека следните економски оператори ќе го организираат снабдувањето и доставата на потребните намирници на граѓаните во времето, кое со последните мерки на Владата на РСМ, е забрането движење на граѓаните:

Во Богданци:

  • Екстра кум-мзп – маркет -070320994
  • Солун 53 Маркет ДООЕЛ- 075 245 980 / 070 945 960
  • М-3 трејдинг маркет-070218113/071299138
  • Еко фреш-маркет-071961411/034223259
  • Мар мани фруит-пиљара-070320085/070438468
  • Бо-ана синка – продавница-078614084
  • Тие-дем дооел-пиљара-078449501
  • Елита тодоров дооел рибен ресторан-071602043
  • Цаци – иван пиљара-078845866
  • Тп сандра ми пиљара/продавница-070539318
  • Бобо левел дооел-гостилница-034221140/070392447

Во Стојаково:

  • Биг миџо маркет Стојаково-034235588/0702636561

Во Селемли:

  • Думи Душко дооел – продавница Селемли-071207451

Овие економски оператори ќе примаат и испорачуваат по телефон нарачки од граѓаните во недела (24.05.2020) од 11.00 до 20.00 часот и понеделник (25.05.2020) од 10.00 до 20.00 часот.

Сите стари и изнемоштени лица и натаму можат да набават и да им се достават
потребните намирници преку општинскиот мобилен тим, јавувајќи се на
дежурниот телефон во Општина Богданци 072/916-648.

Нерегистрираните земјоделци и сточари за дозвола за движење за време на претсојниот полициски час да се пријават во општина Богданци

Општина Богданци ги известува сите граѓани кои обавуваат земјоделска дејност и одгледуваат стока и живина надвор од атарот на своето населено место, а не се регистрирани земјоделци, за да можат слободно да се движат за време на полицискиот час во продолжениот  викенд (од недела 24ти Мај од 11.00 часот до вторник, 26ти Мај до 05.00 часот), потребно е да се пријават на дежурниот телефон во општина Богданци 072/916-648  до утре (Сабота) најдоцна до 19.00 часот. При тоа потребно е да го наведат точното време и место на обавување на земјоделските активности.

Списокот со пријавените граѓани од страна на Општинските служби ќе биде проследен до ПС ОН Гевгелија.

Земјоделците коишто имаат работни обврски на своите земјоделски површини на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.

Забраната за движење во недела, на 24-ти мај, стапува во 11:00 часот и ќе трае до вторник, 26-ти мај, до 05:00 часот наутро

Владата на Република Северна Македонија на денешната 56-та седница ја дополни Одлуката за забрана и посебен режим на движење на целата територија на државата со кое се определува забрана за движење на населението и возилата од јавен превоз со која се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24-ти мај, во 11:00 часот до вторник, 26-ти мај, до 05:00 часот.

Во сабота, на 23-ти мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19:00 часот до 05:00 часот наутро.

ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за реконструкција на постојни улици, ул. „Мирче Ѓочков“, ул. „Мирка Гинова“, ул. „Кочо Рацин“, ул „Ѓуров Дол“ , ул. „Браќа Миладинови“ и ул. „10ти Октомври“ во општина Богданци во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Богданци аплицираше со проект за реконструкција на постојни улици, ул. „Мирче Ѓочков“, ул. „Мирка Гинова“, ул. „Кочо Рацин“, ул „Ѓуров Дол“ , ул. „Браќа Миладинови“ и ул. „10ти Октомври“ во општина Богданци.

Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.

Документот “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Богданци (https://bogdanci.mk/) на 15 мај 2020 (петок).

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страната.

ESMP Checklist_ Project Bogdanci_mk_14.5.20

ESMP Checklist_ Project Bogdanci_ENG_14.5.20

формулар за коментари на документ

Општина Богданци доби комплетна техничка документација за реконструкција на локалниот пат Л603 од бензинска пумпа Шимов до с.Ѓавото

Општина Богданци  доби комплетна техничка документација за реконструкција на  локалниот пат Л603 од с. Стојаково до с.Ѓавато  и тоа од с.Ѓавато до крстосницата со регионалниот пат Р1109. Средствата се одобрени согласно Барањето на општина Богданци доставено на  дополнителниот Јавен повик објавен од страна  на Министерството за финансии , преку Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП).

Технишката  документација содржи:

  • Основен градежен проект  за реконструкција на локален пат Л603 од с.Ѓавато до крстосницата со регионалниот пат Р1109
  • Елаборат за ажурирана геодетска подлога за локален пат Л603 од с.Ѓавато до крстосницата со регионалниот пат Р1109
  • Елаборат за заштита на живитна средина за локален пат Л603 од с.Ѓавато до крстосницата со регионалниот пат Р1109
  • Ревизија на проектна документација за локален пат Л603 од с.Ѓавато до крстосницата со регионалниот пат Р1109

Финансиските средства се заем од Светска банка  кој го има добиено Министерството за финансии за имплементација на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП),  каде, дел од средствата  наменети за техничка помош се искористени за подготовка на техничка документација.

Претходно, согласно првиот Јавен повик општината  обезбеди комплетна техничка документација за три улици во Богданци: „Маршал Тито“ ( дел), „Изворски“ и „Петар Мусев“.

Продолжуваат активностите со изведбата на пешачка и велосипедска патека Богданци-Честе јавори Паљурци

Во тек се активностите во врска со изведбата на пешачка и велосипедска патека Богданци -Честе јавори Паљурци со вкупна должина од 2650 метри. Изведувач на истите согласно спроведената постапка за јавна набавка е правното лице АЛФА ПРОЕКТ ГЕВГЕЛИЈА.

Градежните работи се однесуваат на чистење на теренот од растенија и дрвја, порамнување на истиот и вградување на тампон со набивање и редење на бехатон плочки и поставување на мали рабници.

Вредноста на договорот изнесува 8.278.470,00 денари без ДДВ, или вкупно со ДДВ 9.768.594,60 денари. Средствата се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. ДДВ е трошок на општина Богданци.

Од патеката реализирани се 1200 метри а остануваат уште 1450 метри, кои ќе се реализираат во наредниот период.

Започна проширувањето на уличното осветлување на територијата на општина Богданци

Согласно Програмата за улично осветлување на подрачјето на општина Богданци за 2020 година, започнаа активностите за реализација на договорот за изградба на нови линии за улично осветлување.

Носител на набавката е правното лице ДИГИТАЛ ДООЕЛ Струмица, а вкупната вредност на договорот изнесува 529.300,00 денари без ДДВ, или вкупно со ДДВ 624.574,00 денари, средства обезбедени од Буџетот на општина Богданци.

На одредени места ќе бидат поставени само улични светилки на веќе постоечки бандери а на локациите каде недостасуваат бандери ќе бидат поставени комплет бандери со улични светилки. Ќе се постават вкупно 32 нови сијалици и 15 нови бандери како во Богданци така и во Стојаково, Селемли и Ѓавото.

Проширувањето  на  мрежата за јавно  осветлување  значително ќе ја подобри осветленоста на локалните улици и патишта и ќе придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Започнаа градежните активности за уредување на паркинг простор на ул.Нако Вардарски во Богданци

Правното лице ПЕШО ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Струмица по склучениот договор за јавна набавка со општина Богданци започна со активностите за уредување на паркинг просторот на улицата „Нако Вардарски“ во Богданци (позади Комерцијална Банка).

Активностите опфаќаат чистење, тампонирање и поставување на бехатон како и улични бетонски рабници на површина од 852м2 .

Вкупната вредност на работите предмет на договорот изнесува 693.670,00 денари,   без ДДВ или вкупно со ДДВ 818.530,00 денари.

Средствата за реализација на договорот се обезбедени од Буџетот на Општина Богданци согласно Програмата за  изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2020 година.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |