Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

ПРИЕМ НА УЧЕСНИЦИТЕ НА ЛИКОВНИОТ КОНКУРС НА ТЕМА РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Согласно Програмата за финансирање на културните активности во Општина Богданци за 2019 година, од страна на Градоначалникот  беше распишан јавен конкурс за изработка на ликовни творби на тема: „Родова рамноправност“ на кој право на учество имаа сите ученици од СОУ „Богданци“ Богданци.

Конкурсот беше распишан со цел да се стимулира детското ликовно творештво и да се подигне свеста за еднаквите можности на момчињата и девојчињата. Пристигнатите творби беа разгледани од Комисијата од општината и за истите доделени награди и тоа за прво, второ и трето место.

Сите учесници на конкурсот заедно со директорката на СОУ „Богданци“, Росица Шабанова и менторот Ѓорги Петровски денес, 24.12.2019 година остварија средба со Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов, кој им додели благодарници на сите учесници,а на наградените парична награда за освоено прво, второ и трето место.

Прво место усвои ученикот Стефан Коцев I2 клас кој доби парична награда во износ од 4.000 денари, второ место ученичката Магдалена Алексовска I5 клас на која и беше доделена парична награда во износ од 3.000 денари и третото место и припадна на ученичката Марија Пеева IV1 клас со парична награда од 2.000 денари.

           

Блаже Шапов, им честита за постигнатиот успех на учениците и нивниот професор и им посака уште поголеми резултати во идните активности и проекти.

Објава за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање

  РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

             ОПШТИНА БОГДАНЦИ

                  Бр.03-2085/2

              од 20.12.2019 год.

ОБЈАВА број 1

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија

по пат на електронско јавно наддавање во Општина Богданци

 

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со: Урбанистички план вон населено место за изградба на откупно-дистрибутивни центри за свежо овошје и зеленчук, производство и дистрибуција на КП 6608/16 и делови од КП 6608/15,6608/14, 6608/12, 6610, 6611,6624,6634 и 2982 во м.в. Горни Чаир, КО Богданци, донесено со Одлука од Совет на Општина Богданци бр. 07-1244/2 од 06.06.2012 година, согласно Табеларен преглед  во кој се дадени податоци за градежната парцела и број на градежна парцела, намена на парцелата, катастарските парцели кои се опфатени со градежната парцела, вкупна површина на градежна парцела, површина за градба во м2,бруто изградена површина во м2, максимална висина, катност, процент на изграденост (%), коефициент на искористеност,  почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

     

Табеларен преглед

Реден број Број на градежна парцела Основна класа на намена на градежна парцела Компатибилна класа на намена Број на катастарска парцела

(КО Богданци вон.гр.)

Површина на градежна парцела (м2) Површина за градба во (м2) Бруто изградена површина во (м2) Максимална висина до венец (м) и катност Процент на изграденост (%) Коифициент на искористеност Почетна цена по м2 (денари)  Вкупна почетна цена

(денари)

Банкарска гаранција за сериозност на понудата
1 ГП.1 Г2(лесна и незагадувачка индустрија) Г-4 (стоваришта, магацини)

Б-2 (големи трговски единици)

КП бр.6608/21 КО Богданци вон град 5827 3429 10287 15 м/ќе се дефинира со АУП 59 1,76 61,00 355,447,00 355,447,00

 

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавното наддавање имаат:

Сите заинтерисирани домашни и странски физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна Македонија согласно со закон кои ги исполнуват условите дадени во објавата односно:

1.Физички лица: државјани на Република Северна Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД, а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна Македонија.

2.Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен  регистер на Република Северна Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД, а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна Македонија.

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

Заинтересираните  домашни и странски правни и физички лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање по електронски пат преку информацискиот систем поставен на интернет страницата  www.gradezno-zemjiste.mk, со пополнување на електронски образец кој го потпишува со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач за секоја градежна парцела, поединечно, во која е наведено за која парцела се однесува самата пријава и кои документи се составен дел на пријавата, комплетирана со следните докази  (приложени во електронска форма, скенирани и потпишани со дигитален потпис и полномошно на носителот на дигиталниот потпис заверено на нотар).

  1. Пријава од подносителот, во која се наведени податоци за која градежна парцела се однесува истата и за подносителот на пријавата, како и кои документи се доставуваат во прилог на пријавата, потпишана дигитално;
  2. Банкарска гаранција за сериозност на понудата за секоја градежна парцела е утврдена согласно Табеларниот преглед даден во оваа објава со рок на важност до 30.06.2020 година, со која понудувачот ќе гарантира дека доколку добие статус на најповолен понудувач ќе ја уплати крајно постигнатата цена за отуѓување на градежно земјиште на електронското јавно наддавање во рок од 15 дена од денот на приемот на писмено известување за избор на најповолен понудувач;
  3. За физичките лица уверение за државјанство;
  4. За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар (не постар од шест месеци);
  5. Уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното, заверено на Нотар, односно доказ за својство овластено одговорно лице на правното лице;
  6. e-mail адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничко име и лозинка за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање, (за подносителите на пријави кои ќе достават погрешна е-маил адреса, Општина Богданци нема обврска да прима и врши корекции на истата)
  7. Изјава за прифаќање на условите во објавата потпишана со дигитален потпис

 

Комисијата по истекување на рокот за поднесување на пријавите, утврдува дали пријавите се комплетирани и поднесени во согласност со условите од објавата. Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираност на истите по електронски пат, во рок од 24 часа по истекувањето на рокот за поднесување на истите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација им доставува корисничко име и лозинка за учество на јавното наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.

 Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени.

 

ПОЧЕТНА ЦЕНА

 

Почетна цена на електронското јавно наддавање за градежната парцела  наведена во Табеларниот преглед   изнесува 61,00 денар од метар квадратен.

БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА

 

Банкарската гаранција за сериозност на понудата за  градежната парцела е утврдена согласно Табеларниот преглед даден во оваа објава и изнесува 100% од вкупната почетна цена за секоја градежна парцела посебно.

 

РОКОВИ

Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 27.01.2020 година електронски, преку информацискиот систем на следната интернет адреса:www.gradezno-zemjiste.mk.

Јавното наддавање ќе се оддржи електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk

Јавното наддавање ќе започне на 29.01.2020 година, во  08:45 часот за градежна парцела ГП.1 и истото ќе трае  15 минути за наведената парцела.

 

ПОСТАПКА

 

1.Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат, во рок од 24 часа по истекување на рокот за поднесување на истите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација им доставува и корисничко име и лозинка за учество на електронското јавно наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека истите нема да учествуваат на електронското јавното наддавање.

2.На денот на одржување на електронското јавно наддавање учесниците пристапуваат на интернет страната со корисничкото име и лозинка која ја добиле на e-mail адресата, доставена во прилог на пријавата за учество на  јавното наддавање.

3.Електронското јавното наддавање може да отпочне со најмалку еден учесник во јавното наддавање, за секоја градежна парцела посебно.

4.Електронското јавното наддавање го следи Комисија, формирана од Градоначалникот на Општина Богданци со Решение бр. 09-1649/1 од 10.09.2018 година.

5.Електронското јавното наддавање започнува со објавување на почетната цена на земјиштето по метар квадратен, а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците во наддавањето.

6.Наддавањето се врши “чекорно” со зголемување на вредноста со секој “чекор” не помалку од 10,оо денари за табеларниот преглед.

7.Електронското јавно наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во оваа објава, при што доколку во истекот на последните две минути од определено време за траење на јавното наддавање, од  страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за периодот од следните две минути нема ново дадена понуда.  Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.

8.Учесникот на јавното наддавање кој понудил највисока цена се стекнува со статусот најповолен понудувач.

9.Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање и електронски го доставува до сите учесници на јавното наддавање.

  1. 10. Незадоволните учесници на јавното наддавање можат да изјават приговор до Комисијата во рок од 3 (три) дена од одржаното електронско јавно наддавање. По приговорот Комисијата е должна да одлучи во рок од 5 (пет) работни дена од приемот на истиот.
  2. 11. Против решението донесено од страна на комисијата, со кое се одлучува по поднесен приговор, странката има право да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
  3. По завршување на постапката за јавно наддавање, Комисијата е должна во рок од три работни дена да достави барање за мислење до Државното правобранителство на Република Северна Македонија по однос на нацрт-текст на договорот за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија.
  4. Државното правобранителство на Република Северна Македонија е должно да достави мислење по однос на нацрт-текст на договорот за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија во рок од 30 дена од добивање на барање за мислење. Доколку во рок од 30 дена Државното правобранителство на Р.Македонија не достави мислење, ќе се смета за позитивно.
  5. По прибавување на позитивно мислење од Државното правобранителство на Република Северна Македонија, Комисијата во рок од три работни дена до најповолниот понудувач доставува известување за избор на најповолен понудувач.

15.Најповолниот понудувач во рок од 15 (петнаесет) дена од добивањето на известувањето за избор на најповолен понудувач е должен да ги уплати средствата и до Комисијата да достави доказ за извршената уплата со целокупна документација потребна за учество на јавното наддавање

  1. Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата во утврден рок , банкарската гаранција за сериозност на понудата се активира и нема да се пристапи кон склучување на договор и истиот нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната градежна парцела.
  2. Доколку најповолниот понудувач ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од јавното наддавање во утврдениот рок, а врз основа на доставената документација не може да се склучи договор, уплатените средства за отуѓување на градежно земјиште не му се враќаат, банкарската гаранција за серизоност на понудата се активира и нема да се пристапи кон склучување на договор.
  3. Во рок од пет работни дена по доставување на доказ за извршена уплата, Градоначалникот на Општина Богданци во име на Република Северна Македонија склучува договор за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија.
  4. По склучување на договорот Општина Богданци во рок од еден ден, електронски го доставува договорот до Одделението за финансиски прашања за утврдување на данок на промет на недвижности. Купувачот е должен во рок од 15 дена од добивање на решението за утврдување на данок на промет на недвижности да го плати данокот и да достави доказ за извршена уплата.
  5. По доставување на доказ за извршена уплата на данок на промет на недвижности , купувачот во рок од 15 дена, договорот електронски го доставува кај нотар заради вршење на солемнизација. Купувачот е должен солемнизацијата да ја изврши во рок од 30 дена од доставување на договорот кај надлежен нотар.
  6. Неисполнување на обврските од точка 19 и 20 на оваа објава по вина на купувачот претставува основ за еднострано раскинување на договорот при што 80% од вкупната сума од отуѓувањето не се враќаат на купувачот.
  7. По склучување на договорот, по барање на купувачот, истиот се воведува во владение со записник од страна на тричлена Комисија формирана од градоначалникот на општината, со учество на геодетско стручно лице регистрирано како трговец поединец, овластен геодет или трговско друштво за геодетски работи , кое врз основа на геодетски елаборат ќе изврши обележување на истото. Трошоците за воведување во владение, освен трошоците за работа на Комсиијата , се на товар на купувачот.
  8. 23. Со договорот купувачот се обврзува да прибави одобрение за градење на предвидениот објект од надлежниот орган во рок од 9 месеци од извршената солемнизација на договорот каде што предмет на договор е градежна парцела со површина до 5.000 м2, односно во рок од 12 месеци од извршената солемнизација на договорот каде што предмет на договорот е градежна парцела над 5.000 м2 и е должен земјиштето да го изгради согласно со урбанистичкиот план по кој истото е отуѓено. Купувачот е должен да го изгради објектот согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено, во рок не подолг од 2 (две) години од добивање на правосилно одобрение за градење за објекти со бруто изградена површина до 1000 м2, согласно добиеното одобрение за градење, односно во рок од 4 (четири) години од добивање на правосилно одобрение за градење за објекти со бруто изградена површина над 1000 м2, согласно добиеното одобрение за градење, во спротивно, доколку купувачот не извади одобрение за градење во предвидениот рок, односно доколку објектите не се изградат во определениот рок по вина на купувачот, истиот ќе има обврска да плаќа договорна казна за непочитување на рокот во висина од 1,5% од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во првата година од истекот на рокот, односно 3 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во втората година од истекот на рокот, односно 4,5 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во третата и секоја наредна година од истекот на рокот. Неисполнување на овие обврски, односно по паѓање на купувачот во задоцнување со исполнување на обврската три месеци последувателно, претставува основ отуѓувачот, по три последувателни месечни повици за извршување, како доверител со изјава за неисполнување на обврските од договорот да побара потврда за извршност на договорот, односно да побара наплата на договорната казна што претстваува и основ за еднострано раскинување на договорот, при што 80% од вкупната сума од отуѓувањето, не му се враќаат на купувачот.

24.Најповолниот понудувач се обврзува да го плати данокот на промет што ќе произлезе како обврска по склучениот договор за отуѓување на градежното земјиште.

25.Посебни трошоци на постапката за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на јавно наддавање се:

-трошоци за обезбедување докази за градежно земјиште предмет на јавно наддавање;

-трошоци за објавување во медиуми и јавни гласила

-трошоци за увид на лице место и утврдување на фактичка состојба и за воведување во владение на градежно земјиште;

Висината на посебните трошоци во постапката за отуѓување на градежно земјиште изнесува 10% од вредноста на банкарската гаранција за сериозноста на понудата, но не повеќе од 15.000,00 денари.

  1. 26. Минималниот процент кој треба да биде изграден од вкупно развиената површина за градење предвидена со урбанистичкиот план за предметната градежна парцела не смее да биде помалку од 30%.
  2. 27. Сопственикот на градежното земјиште стекнато во постапка за отуѓување по пат на јавно наддавање не смее истото да се пренесува на трети лица, пред исполнување на обврските од договорот за отуѓување на истото. Забраната за пренесување на трети лица се прибележува во јавната книга за запишување на правата на недвижности.
  3. 28. Во цената на градежното земјиште не е вклучен надоместокот за уредување на градежното земјиште.
  4. 29. Трошоците за нотарската процедура и воведувањето во евиденцијата на недвижностите во Агенцијата за катастар за недвижности паѓаат на товар на купувачот на градежното земјиште.
  5. 30. Банкарската гаранција за сериозноста на понудата за секоја градежна парцела ќе важи до 30.06.2020 година за најповолните понудувачи, а за сите останати по завршување на јавното наддавање.

 

Оваа објава ќе биде објавена и на WEB страната на Општина Богданци, www.bogdanci.gov.mk

 

Комисија за спроведување на постапки

за јавно нададавање

– Силвана Данаилова (претседател)

– Соња Маџирова (член)

–  Трајко Гогов (член

ЈП „Комунална Чистота“ Богданци обезбеди нова механизација

 

 

ЈП „Комунална Чистота“ Богданци за своите потреби набави трактор марка John Deere со приклучна механизација: приколка, вакумска цистерна за чистење на канализациони шахти и септички јами и мулчер за косење на банкини .

Возилото е набавено со сопствени средства согласно спроведена јавна набавка во вредност од 1.450,000.00 денари со вкучен ДДВ од правното лице Синпекс ДОО Битола.

Со набавката на оваа механизација ќе се подобрат условите и ефикасноста во работењето на претпријатието и воедно ќе се подигне квалитетот на комуналните услуги соодветно на потребите на граѓаните на општина Богданци.

НАД ЕДЕН МИЛИОН ФРАНЦИ ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ЛОКАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА ВО 18 ОПШТИНИ

Во рамките на проектот за зајакнување на општинските совети, Програмата за развој на обединетите нации (УНДП) потпиша договор за соработка со 18 општини:  Центар, Куманово, Брвеница, Желино, Гостивар, Струга, Кочани, Кавадарци, Могила, Ѓорче Петров, Тетово, Крушево, Вевчани, Зрновци, Чашка, Богданци, Битола и Берово.

Преку проектот, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, советниците од овие општини добиваат обуки и поддршка за планирање и трошење на општинските буџети согласно очекувањата на граѓаните, а секоја од општините ќе добие грант во висина од 50.000 швајцарски франци за приоритетни проекти кои ќе ги изберат граѓаните преку Форумите во заедницата.

„Проектот е сеопфатен бидејќи вклучува градење на капацитетите, финансиска поддршка и вмрежување на советниците, со цел да се постигне системска промена кај општинските совети“, рече Постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан. „На овој начин општинските совети ќе станат поефикасни и посамостојно ќе можат да се справат со влијанијата на извршната власт исполнувајќи ги нивните улоги на одлучување, надзор и претставување“, додаде Сахакјан.

„Задоволни сме од партнерството со УНДП во напорите да се зајакне улогата на општинските совети и да им се овозможи соодветна обука, можности за вмрежување и професионална соработка, на национално и меѓународно ниво“, изјави амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Техада.

Покрај обуките за советниците и грантот од 50.000 швајцарски франци, секоја од општините ќе добие и грант во висина од 12.000 швајцарски франци за имплементација на иновативни IT решенија за зголемување на транспарентноста и отчетноста на општините, како и учеството на граѓаните во носењето одлуки на локално ниво.

„Политиката на Владата за подобрувањето на системот на локалната самоуправа е јасна, а во последните шест месеци, со активностите за продлабочување на процесот на децентрализација и многу актуелна. Крајната цел е оддржливи, ефективни и ефикасни општини, во служба на граѓаните, што всушност е и целта на овој проект. Транспарентно и отчетно работење кое што во центарот на вниманието секогаш ќе го има граѓанинот“, изјави заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески.

„Преку проектот се обезбедува континуирана поддршка на работата на Комисијата за следење на развојот на системот за финансирање на општините со подготовка на полугодишни и годишни извештаи за финансиското работење на општините, преку кои се следи напредокот на финансиската децентрализација“, изјави Ширет Елези, заменик-министерка за финансии.

Од 2017 година до сега, вкупно 24 општини се вклучени во програмата. Во Велес, Свети Николе, Чаир, Охрид, Струмица и Валандово веќе се реализираат проекти со кои се подобруват социјалните услуги за најранливите категории граѓани во овие општини.

Проектот, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и е имплементиран од УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.

Препораки од Владата на РСМ во врска со загадувањето на воздухот

По одржаниот состанок на Владата на Република Северна Македонија во врска со актуелната состојба со животната средина – квалитетот на воздухот и заклучоците кои произлегоа од состанокот, општината апелира да не се користат гуми, стиропор, пластика, текстил, отпадни масла за индивидуално затоплување и затоплување во правните субјекти.

За таа цел, на територијата на Општина Богданци се формираа тимови кои ќе вршат инспекциски надзор, со цел да се заштити животната средина и здравјето на луѓето.

 

Известување за планиран прекин со електрична енергија на ден 11.12.2019

Почитувани,

Согласно добиеното известување од ЕВН Електродистрибуција Гевгелија, без напојување со електрична енергија на 11.12.2019 (среда) во периодот од 11:00 до 15:00 часот ќе бидат сите корисници од Богданци и околината како и населените места Стојаково и Селемли со исклучок на централниот дел (околу општинската зграда) и село Ѓавото.

Прекинот ќе се врши за потребите на МЕПСО заради итни интервенции на високонапонските водови.

ЈАВЕН ПОВИК за свикување на Буџетски форум во Општина Богданци за 2020 година

Врз основа на член 82-а став 1  од  Статутот на општина Богданци  (“Службен гласник на општина Богданци“  бр.04/05…09/19) и член 12 од Правилникот за организирање и одржување на форуми на заедниците на општина Богданци ( “Службен гласник на општина Богданци“ бр.06/11), Градоначалникот на Општина Богданци, објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за свикување на Буџетски форум во Општина Богданци

за 2020 година

 

Се повикуваат сите граѓани на општината, бизнис секторот, невладините организации и сите други заинтересирани субјекти (правни и физички лица) да присуствуваат и рамноправно да учествуваат во работата на првата сесија на Буџетскиот форум.

Основаната цел на ораганизирањето на  овој форум е преку директно, партиципативно учество граѓаните да добијат можност да придонесат во креирањето на Буџетот на општина Богданци за 2020 година. Ова претсавува добар начин за пододбра распределба на ограничените буџетски средства и постигнување поголем ефект при нивна реализација.

Општина Богданци на овој начин ја искажува  својата транспарентност , излегувајќи им во пресрет на барањата на граѓаните да учествуваат во креирањето на Буџетот за следната година.

Форумот ќе се одржи во просториите на Домот на културата “Бранд Петрушев“  во Богданци на 02.12.2019 година (понеделник) во 18.00 часот

 

 

 

Соопштение

Се известуваат жителите на Стојаково дека во Четврток (28.11.2019година) закажан е работен состанок со Градоначалникот на општина Богданци Блаже Шапов во просториите на ресторанот со почеток во 19.00 часот. На истиот ќе се разговара за досегашните активности, зс тековните проекти но и за идните планови за развој на селото. Го очекуваме Вашето присуство.

Препораки од Владата на Република Северна Македонија во врска со загадувањето на воздухот

По одржаниот состанок на Владата на Република Северна Македонија во врска со актуелната состојба со животната средина – квалитетот на воздухот и заклучоците кои произлегоа од состанокот, општината апелира да не се користат гуми, стиропор, пластика, текстил, отпадни масла за индивидуално затоплување и затоплување во правните субјекти.

За таа цел, на територијата на Општина Богданци се формираа тимови кои ќе вршат инспекциски надзор, со цел да се заштити животната средина и здравјето на луѓето.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |