Согласно член 23 од Законот за младинско учество и младински политики органите на државната управа се должни да назначат службеник за млади, кој ќе ги координира, спроведува и следи прашањата од интерес на младите во делокругот на надлежностите на институцијата.

Имајќи ја во предвид оваа одредба од законот, а со цел заедничко решавање на проблемите и учество во развојот на нашата општина, за службеник за млади е назначена Слобода Тасиќ, вработена во општинската администрација.

За сите прашања поврзани со надлежностите на општина Богданци кои се во интерес на младите лица, истите можат да е информираат преку службеникот за млади на следниот емаил: sloboda.tasic@hotmail.com или тел.број 078 325 025.

Службеникот за млади ќе биде одговорен за развивање, планирање и следење на активностите поврзани со младите и младинските политики, поддршка на работата на локалната самоуправа, локалниот младински совет, неговите членови, спроведувањето на неговата програма, известување и транспарентност и одржување на комуникација и редовна соработка со младинските форми на здружување и младите.

 

 

güvenilir canlı bahis en iyi casino siteleri 2021 en guvenilir casino siteleri 2021 linkegit.com