Делегација од Општина Калиновац, Република Хрватска предводена од Началникот на општина Калиновац, Г-ин Дарко Собота со своите соработници, беше во официјална посета на општина Богданци од 07.09 до 09.09.

Делегацијата од пријателската општина Калиновац беше примена од страна на градоначалникот на општина Богданци, Г-ин Блаже Шапов.

На работната средба се отворија доста теми и се разменија искуства во областите на културата, образованието, науката, но и во други области кои ги поврзуваат двете општини. На истата беше заеднички прифатено соработката да се интензивира, при реализацијата на различни проекти за развој на двете општини при што ние ќе се трудиме да ги црпиме европските искуствата на Општина Калиновац.

По повод 8 Септември ­ Денот на независноста на Република Македонија, делегацијата заедно со здружението на пензионери и поддржувачи на делата на борците положија цвеќиња на спомениците на паднатите борци.

Во рамките на посетата, делегацијата беше во обиколка на детското игралиште, ја посети уметничката изложба во домот на културата и црквата „Св. Атанасиј“.

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara