Денес се празнува Свети Атанасиј летен, патронот на Православната црква “Свети Атанасиј Велики“ во Богданци!!! Светецот Атанасиј се нарекува борец за вистинското православие и е еден од столбовите на христијанската црква. Овој светец е заштитник на многу домови и семејства а за нас е од големо значење бидејќи Богданци го празнува овој ден. Според старите, се смета дека зимата дефинитивно си заминува.
Со претпразнични и празнични црквени богослужби и принесување на народна трпеза и годинава достојно се одбележа патронот – заштитник на Богданци.
Нека ни е честит овој ден!
Ви посакувам добро здравје, благосостојба и мирен духовен живот.