Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата на Република Северна Македонија на 25-тата седница што се одржа на 21.03.2020 година одлучи:

  1. Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 21:00 – 06:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.
  • Од оваа забрана се исклучуваат лица кои имаат потреба од итна медицинска помош/ животно загрозувачка состојба/лица на дијализа, исклучиво во придружба на најмногу две лица.
  • Доколку поради итноста на здравствената состојба возилото биде запрено од полициска контрола, дополнително ќе се евидентира и ќе се провери оправданоста на излегувањето и превозот до здравствената институција, преку приложување на медицинската документација по завршување на медицинскиот преглед.

Секој кој нема да го почитува полицискиот час ќе биде казнет согласно член 206 од Кривичниот законик, за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.  Затоа да покажеме највисоко ниво на самосвест, солидарност и заедничка одговорност.

Повеќе информации може да погледнете овде.

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara