Согласно спроведената постапка за јавна набавка правното лице ВОД-ВАР ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Скопје започна со изградба на атмосферската канализација на ул.„Петар Мусев“ со реконструкција на дел од колекторски систем. Должината на зафатот изнесува 412 метри, а рокот за изградба е 60 дена.

Реализацијата на овој проект ќе чини 1.971.765 денари со вклучен ДДВ, средства обезбедени во Буџетот на Општина Богданци за 2020 година.

Атмосферската канализација и ставањето на колекторскиот систем во функција се од витално значење за жителите на Богданци и истите ќе значат решавање на еден децениски проблем во нашата општина, затоа што ќе се овозможи собирање и одведување на атмосферските води во реципиентот Луда Мара, додека фекалните води нема да се излеваат во речното корито.

 

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara