Во согласност со договорот за заем за финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта меѓу Република Северна Македонија и Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка, денес, 12.05.2021 година од страна на Министерот за траснпорт и врски, Благој Бочварски и Градоначалникот на општина Богданци, Блаже Шапов беа потпишани договорите за имплементација за подпроекти: Реконструкција на улица Мирче Џочков, реконструкција на улица 10-ти Октомври, Мирка Гинова, Ѓуров Дол, Кочо Рацин и Браќа Миладинови.

   

Реализацијата на проектот за подобрување на локалната патна инфраструктура започна од улицата Ѓуров Дол од страна на изведувачот ДГПТ ЕУРО ИНГ доо Гевгелија и ВЕ – Група Радовиш во должина од 270м. Улиците ќе бидат со вградени рабници и асфалт додека по должината на истите ќе има вградено инсталации (пластични цевки) со шахти за монтирање на електрични и оптички кабли. Овие шест улици се дел од првиот тендер и нивната вкупна должина изнесува 1235м, додека вториот тендер се однесува на улицата Крушевска за која се планира да се реализира до крајот на оваа година.

Градоначалникот, Блаже Шапов, изјави дека со реализација на овие улици како и планираните 21 улица во Годишната програма за локални патишта и улици значително ќе се подобри патната инфраструктура а со тоа и  условите за живот во нашата општина.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски истакна дека во првата фаза вкупната инвестиција изнесува околу 4.000.000 евра, а се однесува на реконструкција на 27 улици во 17 општини со вкупна должина од 23.6км. Реализацијата на еден ваков проект ќе придонесе за рамномерен регионален развој, за економско зајакнување на општините како и за намалување на разликите помеѓу планските региони и општините кои спаѓаат во нив.

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara