На 26.08.2020 во ООУ Петар Мусев, Богданци во 20.00 часот беше одржана четвртата форумска сесија во рамки на Проектот „Зајакнување на општинските совети“ (  кој е финансиски поддржан од страна на Швајцарската Агенција за развој и соработка (СДЦ), а се имплементира од Програмата за развој на Обединетите нации), во општина Богданци. На сесијата присуствуваа вкупно 42 граѓани, 5 члена на  оперативната група, а како гостин беше присутен претставник од УНДП Г-ѓа Лејла Небиу Сулејмани и градоначалникот Г-ин Блаже Шапов.

На форумот беа презентирани четирите проекти кои беа одобрени на седницата на Проектниот одбор формиран согласно критериумите од донаторот:

  1. Опремување и партерно уредување на Дом на култура Стојаково
  2. „Од ученик до научник“ Отварање на медијатеки и опремување на кабинети по природни науки
  3. „Безбеден граѓанин – Среќен граѓанин“(хоризонатална и вертикална сигнализација во Богданци)
  4. Спортско – рекреативни катчиња

После презентацијата се пристапи кон гласање согласно правилата за гласање каде можност за глас има секој граѓанин кој присуствувал најмалку на две форумски сесии, каде се гласа по работни групи/маси (вкупно седум), и секоја маса доделува бодови на секој проект поединечно по договор на сите членови, и проектот кој ќе добие најмногу гласови, од сите работни маси, е избран за финансирање.

Резултатите од гласањето се прикажани во табелата:

Наслов на проектот Носител Вкупен буџет на проектот (МКД) Побарано од проектниот фонд (МКД) Месни и урбани заедници Култура Спорт и НВО Општински Совет Земјоделие и Животна средина Општинска администрација Млади Образование и градинки Вкупен
број поени
2.700.000,00
Опремување и партерно уредување на Дом на култура Стојаково О.Богданци 4 3 2 2 2 1 2 16 2.695.780,00
„Од ученик до научник“
Отварање на медијатеки и опремување на кабинети по природни науки
О.Богданци 2 2 1 1 1 3 3 13 2.358.565,00
„Безбеден граѓанин – Среќен граѓанин“
(хоризонатална и вертикална сигнализација)
О.Богданци 3 4 4 4 4 2 4 25 2.699.360,00
Спортско – рекреативни катчиња О.Богданци 1 1 3 3 3 4 1 16 2.428.000,00

Согласно резултатите од гласањето ИЗБРАН е проектот за поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација во Богданци кој по потпишување на Договорот треба да се реализира најдоцна во рок од 6 месеци .

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara