Јавното претпријатие за државни патишта ја известува засегнатата јавност дека планира да реализира Проект за “Рехабилитација со реконструкција на државен пат Р1109, делница обиколница на Богданци” во должина од 3,3 км.

Финансирањето на овој проект е обезбедено со средства од Јавното претпријатие за државни патишта, кое истовремено во делот на заштита на животна средина и социјални аспекти изготви Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти,План за управување со животната средина и Механизам за жалби и поплаки, за кои е потребно да се организира јавна консултација со засегнатите страни и локалното население на населените места долж делницата.

Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти и План за управување со животната средина е достапен на увид во просториите на ЈП за државни патишта и во општината Богданци, како и на официјалната веб страница на ЈП за државни патишта и во општината Богданци, како и на нивните интернет страници:  https://bogdanci.gov.mk/   и www.roads.org.mk .

Јавната консултација за Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти, План за управување со животната средина и Механизам за жалби и поплаки за наведениот проект, во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти ќе се одржи во:

просториите на Дом на културата во општинa Богданци на 04.03.2020 година (среда) со почеток во 13 часот .

 

Лица за контакт:

Јавно претпријатие за државни патишта

Сашка Богданова Ајцева

Тел: 02/3118 044 лок.305

E-mail: saska@roads.org.mk

 

Општина Богданци

Јованка Ампова

Моб: 078 321 586

E-mail: jovankaampova@yahoo.com

Извештај за оцена на животната средина и социјалните аспекти за обиколница Богданци

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara