Почитувани граѓани,

-Домаќинствата без приходи имаат право да поднесат барање за гарантирана минимална помош во центрите за социјална работа

-Се информираат сите домаќинства кои останале без приходи или биле дел од неформалната економија за правото на гарантирана минимална помош (ГМП) за кое што можат да поднесат барање и во просториите на општинската администрација при општина Богданци, освен во центрите за социјална работа.

-За добивање минимална гарантирана помош, материјалната необезбеденост ќе се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите приходи на сите членови на домаќинството по сите основи, сметано од последниот месец, наместо досегашните три месеци.

-Износот на правото зависи од бројноста и структурата на домаќинството и се движи од
4.000 денари за едночлено домаќинство до 10.000 денари за домаќинство сочинето од 5 возрасни членови.

ВАЖНОДомаќинствата кои користат гарантирана минимална помош, ќе остварат и паричен додаток од 1.000 денари заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството и за месеците април и мај 2020 година.

За подетални информации повелете секој четврток од 08-13 часот во просториите на општинската администрација при Општина Богданци

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara