Ве известуваме дека согласно насоките добиени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство а кое се однесува на  земјоделците кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности во деновите од викендот (11-12.04.2020 година), телефонски да гo известат Општинскиот кризeн штаб  каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност. Потребата за движење неевидентираните земјоделци треба да ја најават во Кризниoт штаб, еден ден однапред најдоцна до 20 часот. При тоа треба да дефинираат точно време и место на извршување на земјоделските активности.  Општинските кризни штабови нема да издаваат дозволи за движење, туку само ќе ги евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици (Одделение, станица, ОВР, СВР). На овој начин на неевидентираните земјоделците ќе им се овозвожи непречено движење во викенд деновите, со цел извршување на тековни земјоделски активности.

Земјоделците кои имаат потреба од извршување на земјоделски активности на територијата на општина Богданци потребно е да се пријават на дежурниот телефонски број  072/916-648.

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara