Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Почитувани,

Пожарот што избувна вчера (24.07.2022 год.) околу 13.30 часот во атарот на село Ѓавато е успешно изгаснат, односно под контрола и нема нови жаришта. Екипите се сеуште на терен и будно ја пратат состојбата.

Пожарот беше со висок ризик и со големи размери, но со залагање на сите присутни, со брза реакција и повеќе часовна борба со огнената стихија се успеа да се локализира и да се заштитат имотите на жителите на село Ѓавато.

Упатувам голема благодарност до Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи, ШС „Кожув“, Градоначалниците  и Против пожарните единици на општините: Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Дојран, Валандово и Неготино, за нивното залагање, голема поддршка и несебична помош при гаснењето на пожарот.

Исто така голема благодарност и до жителите на село Ѓавото, вработените во ЈП „Комунална чистота“ Богданци и вработените во општина Богданци.

Општина Богданци и граѓаните на општината Ви се благодарни за стореното.

Ја користам приликата да упатам апел сите ние да внимаваме, да се однесуваме одговорно и да направиме се што е во наша можност за да се заштитиме од појава на пожари.

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara