Се известуваат граѓаните на општина Богданци дека Агенцијата за катастар на недвижности ќе врши теренско прибирање на податоци за улици и куќни броеви во функција на воспоставување на Графичкиот регистар на улици и куќни броеви во сите населени места во периодот од 15.08.2022 до 26.08.2022 година.

Врз основ на Законот за катастар на недвижности, Агенцијата за катастар на недвижности ја проширува надлежноста  и со воспоставување и управување со Графичкиот регистар на улици и куќни броеви, како дел од Адресниот регистар на Република Северна Македонија. Графичкиот регистар на улици и куќни броеви ќе содржи просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви, како и просторни податоци за линијата на опфат врз основа на која се определува припадноста на куќниот број спрема улицата.

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara