Почитувани,

Ве известуваме дека ДГТ ЖИКОЛ ДООЕЛ Струмица ќе започне со асфалтирање на локален пат Стојаково-Ѓавото (бензинска пумпа Шимов) како дел од проектот „Ревитализација на локален пат Богородица – Стојаково – Ѓавото“.

За таа цел, патот ќе биде затворен за сообраќај на 10.06.2020 година (среда) во периодот од 10.00 до 16.00 часот и притоа ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Реализацијата на овој проект одобрен од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е дел од мерката 321 Развој на јавна инфраструктура во рурални средини, подмерка 321.1 Инвестиции во патна инфраструктура за поврзување меѓу две или повеќе населени места во рурални средини со должина од 5км, за што се одобрени вкупни средства без ДДВ во износ од 11.038.520,25 денари.

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara