На официјалната страна на Бирото за јавни набавки, општина Богданци денес (10.06.2020 година)  објави  Оглас за јавна набавка: Изградба на атмосферска канализација на улица Петар Мусев со реконструкција на дел од колекторскиот систем.

Реализацијата на овој проект во пракса ќе значи целосно и трајно решавање на проблемот со атмосферските води кои го затнуваат колекторскиот систем со песочен нанос за што беше потребно постојано негово чистење. Со ова решение ќе се издвојува атмосферската вода од фекалната така да атмосферската вода директно ќе истекува во реципиентот река „Луда Мара“ а фекалната ќе истекува во колекторскиот систем.

Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Богданци, согласно Програмата за уредување на градежно земјиште во општина Богданци за 2020 година.

Крајниот рок за доставување на понудите е  25.06.2020 година најдоцна до 12.00 часот. Заинтересираните економски оператори Огласот за јавната набавка можат да го најдат на следниот линк: https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/54fb8f55-dec7-44e3-bd30-1e2ac9b93f05/14

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara