Општинскиот кризен штаб, со кој раководеше градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов, на седницата одржана на 04.06.2020 година, согласно последните мерки на Владата на РСМ од 60-та седница, ги донесе следните мерки:

1.ОРГАНИЗИРАНО СНАБДУВАЊЕ И ДОСТАВА НА ПРЕХРАНБЕНИ АРТИКЛИ ЗА ВРЕМЕ НА ЗАБРАНТА ЗА ДВИЖЕЊЕ

Снабдувањето со најнеопходните прехранбени артикли и производи во деновите и периодот на забрана за движење (петок, сабота и недела, 5, 6 и 7.06.2020 година), во Општина Богданци ќе биде организирано преку нарачка и достава од страна на економските оператори, кои до општинскиот кризен штаб во претходниот период имаа доставено пријави за достава, во периодот од 16.00 до 20.00 часот.

2.ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС НЕМА ДА ВАЖИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ КОИ ЌЕ ОБАВУВААТ ЗЕМЈОДЕЛСКИ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИ НА ТЕРИТОРИЈАТА (АТАРОТ) НА МЕСТОТО НА ЖИВЕЕЊЕ.

Сите граѓани кои обавуваат земјоделска дејност и одгледуваат стока и живина надвор од атарот на своето населено место, а не се регистрирани земјоделци, за да можат слободно да се движат за време на полицискиот час во продолжениот  викенд (од петок 5ти Јуни од до недела, 7ми јуни во периодот од 16.00 до 05.00 часот), потребно е да се пријават на дежурниот телефон во општина Богданци 072/916-648 денес (четврток) најдоцна до 21.00 часот. При тоа потребно е да го наведат точното време и место на обавување на земјоделските активности.

Списокот со пријавените граѓани од страна на Општинските служби ќе биде проследен до ПС ОН Гевгелија.

Земјоделците коишто имаат работни обврски на своите земјоделски површини и на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да се пријавуваат на дежурниот телефонски број.

  1. ВО ПЕРИОДОТ ОД ЧЕТВРТОК (4 ЈУНИ) ОД 21:00 ЧАСОТ ДО ПОНЕДЕЛНИК (8 ЈУНИ) ДО 05:00 ЧАСОТ, СЕ ЗАБРАНУВА ПОСЕТА НА ГРОБИШТАТА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ЦЕЛАТА ОПШТИНА, ОСВЕН ЗА ПОГРЕБИ.
  2. ДА СЕ ПОЧИТУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ.

Сите правни лица кои организираат превоз на своите вработени да ги почитуваат правилата при вршење на истиот (носење на заштитни маски како и почитување на бројот на лица кои се превезуваат а изнесува 50% од вкупниот број на седишта во возилото). За таа цел, најавени се засилени контроли на терен.

Бидејќи бројката на позитивни лица од КОВИД-19 во државата и натаму расте, уште еднаш апелирам до граѓаните, почитувајте ги мерките како и полициски час и останете дома.

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara