Ве известуваме дека дваесетишестата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 02.03.2023 година (четврток) со почеток во 14.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.
На седницата ќе се работи по следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог -Буџет на општина Богданци за 2023 година;
- Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Богданци за 2023 година;
- Предлог-Буџетски календар за 2023 година;
- Годишна Програма за работа на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за 2023 година;
- Одлука за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење и одведување на отпадни води за 2023 година;
- Извештај по Програмата за активностите на Општина Богданци во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) во 2022 година;
- Извештај по Програмата за финансирање на културните активности во Општина Богданци за 2022 година;
- Извештај по Програмата за финансирање на спортските активности во Општина Богданци за 2022 година;
- Извештај по Програмата за мерките и активностите на Општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2022 година;
- Советнички прашања.