Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Ве известуваме дека деветнаесетта седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 04.11.2022 година (петок) со почеток во 12.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Одлука за започнување на постапка за Ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност во ЈП „Комунална чистота“-Богданци;
  2. Годишен извештај за работата на ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци за учебната 2021/2022 година;
  3. Годишна програма за работа на ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци за учебната 2022/2023 година;
  4. Разгледување на Одлука за формирање Комисија за прием на деца во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;
  5. Разгледување на Одлука за утврдување на критериуми за прием на деца во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;
  6. Предлог-Одлука за давање согласност за формирање на групи со помал и поголем број на деца во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;
  7. Предлог-Одлука за давање под закуп недвижна ствар сопственост на Општина Богданци;
  8. Предлог-Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Богданци за периодот јули-септември 2022 година;
  9. Програма за измена и дополнување на програмата за активностите на Општина Богданци во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) во 2022 година;
  10. Програма за измена на програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2022 година;
  11. Програма за измена на програмата за улично осветлување на подрачјето на Општина Богданци за 2022 година;
  12. Програма за измена на програмата за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2022 година;
  13. Програма за измена на програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2022 година;
  14. Програма за измена на програмата за изградба на зелени површини во Општина Богданци за 2022 година;
  15. Програма за измена на програмата за финансирање на спортските активности во Општина Богданци за 2022 година;
  16. Предлог-Измени и дополнувања (ребаланс) на Буџет на општина Богданци за 2022 година;
  17. Советнички прашања.

 

istanbul travesti Magazin |