Ве известуваме дека осумнаесеттата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 22.09.2022 година (четврток) со почеток во 12.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

      ДНЕВЕН  РЕД

  1. Годишен извештај на СОУ „Богданци“-Богданци за учебната 2021/22 година;
  2. Годишна програма на СОУ „Богданци“-Богданци за учебната 2022/2023 година;
  3. Предлог-Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број на ученици во СОУ „Богданци“-Богданци;
  4. Програми за екскурзија на ООУ „Петар Мусев“-Богданци за учебната 2022/2023 година;
  5. Предлог-Одлука за намена на објект сопственост на Општина Богданци;
  6. Информација за постапка по одлука за ревизија на ЈП „Комунална чистота“-Богданци;
  7. Предлог-Одлука за измена на одлуката за авто-такси превоз во Општина Богданци;
  8. Предлог-Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на Богданци;
  9. Предлог-Одлука за обезбедување на финансиска помош;
  10. Предлог-Програма за дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2022 година;
  11. Предлог-Програма за дополнување на Програмата за урбана опрема во општина Богданци за 2022 година;
  12. Предлог-Заклучок од Комисија за јавни дејности;
  13. Советнички прашања.
konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara