Ве известуваме дека четириесетишестата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 28.02.2024 година (среда) со почеток во 13.00 часот во Салата на Совет на општина Богданци.
На седницата ќе се работи по следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Извештај по Програмата за активностите на Општина Богданци во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) во 2023 година;
- Извештај по Програмата за улично осветлување на подрачјето на Општина Богданци за 2023 година;
- Извештај по Програмата за активностите на Општина Богданци во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи за 2023 година;
- Извештај по Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2023 година;
- Извештај по Програмата за заштита и благосостојба на животните-третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственик за 2023 година;
- Извештај по Програмата за одржување на јавна чистота на подрачјето на Општина Богданци за 2023 година;
- Извештај по Програмата за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2023 година;
- Извештај по Програмата за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2023 година;
- Извештај по Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2023 година;
- Извештај по Програмата за финансирање на културните активности во Општина Богданци за 2023 година;
- Извештај по Програмата за финансирање на спортските активности во Општина Богданци за 2023 година;
- Извештај по Програмата за мерките и активностите на Општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2023 година;
- Советнички прашања.