Ве известуваме дека шеснаесеттата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 13.07.2022 година (среда) со почеток во 12.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Богданци за периодот април-јуни 2022 година;
  2. Предлог-Одлука за утврдување на висината на стапки на даноци на имот во Општина Богданци;
  3. Предлог-Одлука за определување на зони и пресметковни бодови за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот на подрачјето на Општина Богданци;
  4. Предлог-Одлука за определување на просечна цена за утврдување на пазарна вредност на градежно (неизградено и изградено) земјиште на подрачјето на Општина Богданци;
  5. Предлог-Одлука за определување на просечна цена за утврдување на пазарна вредност на земјоделско земјиште, шумите и пасиштата на подрачјето на Општина Богданци;
  6. Предлог-Одлука за давање на времено користење на просторија во сопственост на Општина Богданци;
  7. Предлог-Одлука за измена на одлуката за утврдување паричен надоместок за граѓаните кои што ќе учествуваат во просторните сили за заштита и спасување во општина Богданци;
  8. Предлог-Одлука за измена и дополнување на одлуката за утврдување на режим на сообраќај во Богданци;
  9. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправните објекти во истата (КП бр. 5088, КП бр. 8016 и КП бр. 8017);
  10. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправните објекти во истата (КП бр. 1327);
  11. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр. 8996);
  12. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр. 10750);
  13. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр. 10277);
  14. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправните објекти во истата (КП бр. 7858);
  15. Предлог-Одлука за обезбедување на финансиска помош за мултимедијален настан во Богданци;
  16. Предлог-Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во населено место Стојаково, Општина Богданци;
  17. Предлог-Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број на ученици во СОУ „Богданци“-Богданци;
  18. Предлог-Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број на ученици во ООУ „Кирил и Методиј“-Стојаково;
  19. Финансов извештај за материјалното и финансиско работење на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за периодот од 01.01.2022 до 31.03.2022 година;
  20. Советнички прашања.

 

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara