Ве известуваме дека триесетичетвртата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 18.11.2019 година (понеделник) со почеток во 08.00 часот во салата на Советот на Општина Богданци.
На седницата ќе се работи по следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог-Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Богданци за периодот јули-септември 2019 година;
- Предлог-Одлука за одобрување на План на програми за развој на општина Богданци за 2020 година;
- Предлог-Одлука за утврдување на приоритет на проект;
- Предлог-Одлука за локација за третман и отстранување на инертен отпад (градежен шут);
- Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр. 8646 и КП бр. 8643/1);
- Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти (КП бр. 10609);
- Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 375 и дел од КП бр. 761);
- Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 207 и дел од КП бр. 215);
- Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 255);
- Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр.258/2);
- Предлог-Решение за формирање Комисија за утврдување Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Богданци за 2020 година;
- Советнички прашања.