Ве известуваме дека педесет и третата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 16.12.2020 година (среда) со почеток во 14.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

 ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Измена и дополнување на Буџетот на Општина Богданци за 2020 година (проширување);
  2. Нацрт-Буџет на Општина Богданци за 2021 година;
  3. Предлог-Одлука за отпис на застарени обврски во Буџетот на Општина Богданци;
  4. Предлог-Одлука за ангажирање на едно лице неговател во ЈОУДГ „Коста Поп Ристов Делчев“-Богданци;
  5. Предлог-Одлука за категоризација на училишни спортски сали во основни и средни училишта во Општина Богданци;
  6. Предлог-Решение за формирање Комисија за утврдување Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Богданци за 2021 година;
  7. Разгледување на Барање од Здружение за развој, едукација и еколошка етика-„Полимат 13“ за спроведување на проектот „Архус столче“.
  8. Советнички прашања.
konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara