Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Закажана петтата седница на Советот на општина Богданци

Ве известуваме петтата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 20.12.2021 година (понеделник) со почеток во 10.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Нацрт-Програма за активностите на Општина Богданци  во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) во 2022 година;
  2. Нацрт-Програма  за активностите на Општина Богданци во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2022 година;
  3. Нацрт–Програма за одржување на јавна чистота за Општина Богданци за 2022 година;
  4. Нацрт-Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2022 година;
  5. Нацрт-Програма за заштита и благосостојбата на животните-третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани, кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2022 година;
  6. Нацрт– Програма за улично осветлување на подрачјето на Општина Богданци за 2022 година;
  7. Нацрт-Програма за финансиски средства на Општина Богданци за потребите на одбраната во 2022 година;
  8. Нацрт-Програма за работа и финансиски средства на ОСБСП на Општина Богданци за 2022 година;
  9. Нацрт–Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2022 година;
  10. Нацрт- Програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Богданци за 2022 година;
  11. Нацрт–Програма за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2022 година;
  12. Нацрт–Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2022 година;
  13. Нацрт- Програма за урбана опрема во Општина Богданци во 2022 година;
  14. Нацрт-Програма за изградба на зелени површини во Општина Богданци за 2022 година;
  15. Нацрт–Програма за финансирање на културните активности во Општина Богданци за 2022 година;
  16. Нацрт–Програма за финансирање на спортските активности во Општина Богданци за 2022 година;
  17. Нацрт-Програма за мерките и активностите на Општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2022 година;
  18. Нацрт-Програма од областа на родовата рамноправност во Општина Богданци за 2022 година;
  19. Нацрт-Одлука за одобрување на План на програми за развој на Општина Богданци за 2022 година;
  20. Нацрт-Буџет на општина Богданци за 2022 година;
  21. Советнички прашања.

Закажана четвртата седница на Советот на општина Богданци

Ве известуваме дека четвртата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 03.12.2021 година (петок) со почеток во 12.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Одлука за утврдување на потреба од ажурирање на процената за загрозеност на подрачјето на општина Богданци од сите ризици и опасности;
  2. Предлог – Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Богданци за периодот јули-септември 2021 година;
  3. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Богданци за 2021 година (основен буџет);
  4. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Богданци за 2021 година (буџет на дотации);
  5. Предлог-Одлука за одобрување на Програмата за изведување на отворено повеќенаменско игралиште и фудбалско игралиште;
  6. Предлог-Одлука за дополнување на Програмата за урбана опрема во Општина Богданци за 2021 година;
  7. Предлог-Одлука за измена на одлуката за формирање на тело кое ќе ја следи имплементацијата на Локалниот еколошки акционен план (ЛЕАП) на општина Богданци за периодот (2019-2025);
  8. Советнички прашања.

Закажана третата седница на советот на Општина Богданци

Ве известуваме третата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 26.11.2021 година (петок) со почеток во 14.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог – Одлука за определување членови на Советот на Општина Богданци за присуство при склучување брак во Општина Богданци;
  2. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисија за статут и прописи;
  3. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој;
  4. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за јавни дејности;
  5. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина;
  6. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите;
  7. Предлог-Решение за формирање на комисија за разгледување на барања за социјална парична помош;
  8. Предлог-Решение за разрешување на член од Управниот одбор на ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци.

 

 

Закажана шеесет и осмата седница на Советот на Општина Богданци

Ве известуваме дека шеесет и  осмата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 17.09.2021 година (петок) со почеток во 14.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Годишен извештај за работата и постигнатите резултати на СОУ „Богданци“-Богданци учебната 2020/2021 година;
  2. Годишна програма за работа на СОУ „Богданци“-Богданци за учебната 2021/2022 година;
  3. Годишен извештај за работата на ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци за учебната 2020/2021 година;
  4. Годишна програма за работа на ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци за учебната 2021/2022 година;
  5. Разгледување на Одлука за формирање Комисија за прием на деца во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;
  6. Разгледување на Одлука за утврдување на критериуми за прием на деца во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;
  7. Предлог-Одлука за давање согласност за формирање на групи со помал и поголем број на деца во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;
  8. Советнички прашања.

 

Закажана шеесет и седмата седница на Советот на Општина Богданци

Ве известуваме дека шеесет и седмата седница на Советот на општина Богданци е закажана на ден 30.08.2021 година (понеделник) со почеток во 14.00 часот во просториите на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Годишен извештај на ООУ „Петар Мусев“-Богданци за учебната 2020/21 година;
  2. Годишна програма на ООУ „Петар Мусев“-Богданци за учебната 2021/2022 година;
  3. Годишен извештај на ООУ „Кирил и Методиј“-Стојаково за учебната 2020/21 година;
  4. Годишна програма на ООУ „Кирил и Методиј“-Стојаково за учебната 2021/22 година;
  5. Предлог-Годишен план за вработување на ООУ „Кирил и Методиј“-Стојаково за 2022 година;
  6. Предлог-Годишен план за вработување на Општина Богданци за 2022 година;
  7. Предлог-Годишен план за вработување на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за 2022 година;
  8. Предлог-Одлука за утврдување на предлог за именување на член во Управниот одбор на Заедничкото Јавно претпријатие за заловување на бездомни кучиња „АСТРА-ЛУНА“-Струмица,
  9. Советнички прашања.

istanbul travesti Magazin |