Ве информираме дека второто авио-третирање против комарци во општините Богданци, Валандово и Дојран е планирано да се изврши на 23.07.2019 година – вторник, во раните утрински часови, односно во период од 04:30 до 09:30 часот.
Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе на 24.07.2019 година.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.