Екипите на Електродистрибуција во периодот од 26-ти септември заклучно со 01-ви Октомври ќе работат на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа на одредени локации во општина Богданци.Од овие причини, во деновите од четврток до вторник од 06.00 до 12.00 часот прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има во цело Стојаково и Селемли, а во четврток (26-ти септември) од 8.30 до 14 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат индустриските објекти во КО Ѓавото.