Почитувани,
Согласно Заклучокот на 11 Седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 25.02.2020 година, Министерството за образование и наука Ви ги доставува следните насоки за итно постапување:
1. ПРЕПОРАКА :
Владата на Република Северна Македонија ги известува сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработените во основно, средно и високо образование, јавните научни установи, како и сите ученици и студенти ДОКОЛКУ во последниве 2 недели патувале или живеат со некој кој патувал во следниве земји/региони: регионите Ломбардија, Венето, Емилија Ромања, Пиемонт во Италија, како и Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван, потребно е наредните две недели (започнувајќи од утре – 27.02.2020 година) да бидат ослободени од работни обврски и настава и да не доаѓаат на работно место односно учениците кои патувале во овие региони или живеат со некој кој патувал во овие региони да бидат ослободени од настава.
Доколку во училиштето има вработени или ученици кои патувале во наведените региони или живеат со некој кој патувал во овие региони, потребно е ВЕДНАШ да ги доставите следниве податоци:
– дали има такви лица,
– колку има такви лица,
– податоци за истите (име и презиме на вработениот/ученикот) на следнава емаил адреса ilina.tarcugovska@mon.gov.mk
2. ЗАДОЛЖЕНИЕ:
– Се задолжуваат основните училишта, средните училишта, Универзитетите и Јавните научни установи да ги одложат сите планирани патувања и екскурзии во Република Италија.
– Се задолжуваат сите училишта до крајот на оваа недела да организираат еден едукативен час за превенција од Корона вирусот, а тоа значи почесто миење на рацете и превентивни мерки за хигиена, согласно препораките од Светската здравствена организација, Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Владата на Република Северна Македонија.
3. Министерството за образование и наука АПЕЛИРА континуирано да се следат насоките и препораките од Светската здравствена организација, Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Владата на Република Северна Македонија.
Повеќе информации за препораките и задолженијата од Владата можете да добиете на следниот линк: https://vlada.mk/node/20317.
Во текот на утрешниот ден ќе добиете официјален допис од Министерство за образование и наука
Со почит,