На ден 14.11.2018 година со почеток во 13.00 часот во просториите на ЈОУ Дом на Култура „Бранд Петрушев“ Богданци беше оддржана работна конференција на Локалниот Совет за Превенција по иницијатива на Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов и СВР Струмица.
На седницата присуствуваа: Блаже Шапов – Градоначалник на општина Богданци, Претставници од СВР Струмица, ПС Гевгелија и ПО Богданци, членови на Советот на општина Богданци, Директорите на општинските училишта, претставници од општинската администрација на општина Богданци, Претставник од МЗ Стојаково,Црвен крст,РЦСР Гевгелија, ДЗС Гевгелија, РЦУК Гевгелија, УВМК Гевгелија и ЈП Македонски шуми.
На седницата свое обраќање имаше Градоначалникот на општина Богданци, Началникот на СВР Струмица, како и началникот на Сектор за превенција при СВР Струмица, Хризантема Рендевска.
Локалниот совет за превенција претставува алатка за подобрување и зајакнување на партнерството помеѓу граѓаните и компетентните органи на власта за тие да можат да изградат заеднички цели, да ги решат локалните безбедносни проблеми и да обезбедат подобри услуги за граѓаните.