Ве известуваме дека согласно заклучоците донесени на Општинскиот кризен штаб оддржан денес, 15.04.2020 година, а кое се однесува на земјоделците кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а имаат потреба за извршување на земјоделски активности на територијата на нашата општина во деновите од викендот вклучувајќи го и понеделник (17-19.04.2020 година), телефонски да гo известат Општинскиот кризeн штаб каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност.
Потребата за движење неевидентираните земјоделци треба да ја најават во Кризниoт штаб, најдоцна по петок до 20 часот. При тоа треба да дефинираат точно време и место на извршување на земјоделските активности. Општинските кризни штабови нема да издаваат дозволи за движење, туку само ќе ги евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици (Одделение, станица, ОВР, СВР). На овој начин на неевидентираните земјоделци ќе им се овозвожи непречено движење во сабота, недела и понеделник, со цел извршување на тековни земјоделски активности.
Пријавивањето е на дежурниот телефонски број 072/916-648.
Напоменуваме дека ова не важи за лицата под 18 годишна возраст и лицата над 67 години.