Денес се празнува Ѓурѓовден, празник во чест на Свети великомаченик Георгиј Победоносец, празникот на обновувањето на природата и на животот воопшто.
На 6-ти мај жителите на Селемли традиционално секоја година го прославуваат Ѓурѓовден, заштитник на ова населено место. Им посакувам на сите граѓани овој голем и важен ден за нив да го поминат во добро здравје и убаво расположение.
Честит панаѓур!