Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Врз основа на Одуката за распишување на јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за член на управниот одбор на ЈП „Комунална чистота“-Богданци („Службен гласник на Општина Богданци“ бр. 08/23), член 17 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на РМ“ бр. 38/96, 06/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 06/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 39/16, 64/18, 35/19, „Службен весник на РСМ“ бр. 275/19, 89/22 и 274/22), а согласно Правилникот за  формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања  во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија („Службен весник на РСМ“ бр. 283/22),  Претседателот на Советот на Општина Богданци, објавува

Ј А В Е Н     П О В И К

за пријавување на заинтересирани лица за избор на член на Управниот одбор

на ЈП „Комунална чистота“-Богданци

1. Се објавува јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за избор на (еден)  член на Управниот одбор на ЈП „Комунална чистота“-Богданци.

Податоци за јавното претпријатие

Назив: ЈП „Комунална чистота“-Богданци

Наслов и шифра на дејност:  36.00-Собирање, обработка и снабдување со вода

Надлежности на претпријатието:

-Собирање, обработка и снабдување со вода

-отстранување на отпадни води,

-собирање на безопасен отпад

-собирање на опасен отпад

-обработка и отстранување на опасен отпад

Веб страна: www.komunalnacistotabogdanci.eu.mk

2. Повикот е за пријавување на заинтересирани лица за избор на (еден) член на Управниот одбор на ЈП „Комунална чистота“-Богданци со мандат од 4 (години) со право на уште еден последователен мандат.

Надлежности, правата и одговорностите на Управниот одбор се опишани во членовите 17-ѓ, 18, 19, 19-а, 20 и 21 од Законот за јавните претпријатија.

Висината на надоместокот на член на управен одбор изнесува 3.000 денари месечно, согласно Одлуката за утврдување на месечен надоместок на претседателот и членовите на Управниот одбор на ЈП „Комунална чистота“-Богданци („Службен гласник на Општина Богданци“ бр. 08/23).

3. Согласно член 17 од Законот за јавните претпријатија(„Службен весник на РМ“ бр. 38/96, 06/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 06/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 39/16, 64/18, 35/19, „Службен весник на РСМ“ бр. 275/19, 89/22 и 274/22), за член на Управниот одбор на јавното претпријатие може да биде именувано лице  кое ги исполнува следните услови:

– е државјанин на Република Северна Македонија,
– има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование и
– во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Освен наведените услови, членовите на управниот одбор во јавното претпријатие треба да имаат и соодветно работно искуство, и тоа:
– два члена на управниот одбор треба да имаат најмалку пет години работно искуство од областа на дејноста на јавното претпријатие, согласно со Националната класификација на дејностите публикувана од страна на Државниот завод за статистика,
– еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на финансиско работење,
– еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на правните работи и
– еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на техничките науки.

Пријавите да се достават најдоцна до 23.06.2023 година до архивата  на Општина Богданци, на адреса ул. Маршал Тито“ бр. 62, Богданци (најдоцна до 16 часот) или по пошта на адреса: Општина Богданци, ул. Маршал Тито“ бр. 62, Богданци или на електронска адреса opstina_bogdanci@t-home.mk

Образецот за пријавување на јавниот повик е даден во прилог на Јавниот повик.

Со пријавите потребно е да се достават и следните документи во оригинал или копија заверена на нотар:

-државјанство на Република Северна Македонија;

-уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,

-потврда дека со правосилна судска пресуда  не му е изречена казна или прекршочна забрана за вршење на професија, дејност или должност,

-историјат за вработување од Агенција за вработување на РСМ со евидентиран стаж,

-потврди за работно искуство издадена од работодавците за една од наведените области:

-да имаат најмалку пет години работно искуство од областа на дејноста на јавното претпријатие, согласно со Националната класификација на дејностите публикувана од страна на Државниот завод за статистика,
-да има најмалку три години работно искуство од областа на финансиско работење,
– да има најмалку три години работно искуство од областа на правните работи;
– да има најмалку три години работно искуство од областа на техничките науки.

-изјава заверена на нотар дека кандидатот под целосна морална, материјална и кривична одговорност потврдува за точноста и веродостојноста на наведените податоци во пријавата и за поднесената документација,

-кратка биографија,

-писмо за интерес/мотивација,

-сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон.

Процесот на селекција се состои од две фази и тоа:

Фаза 1-административна селекција

Во оваа фаза се врши проверка на внесените податоци во пријавата со условите од јавниот повик кои треба да се идентични со условите утврдени во Законот за јавните претпријатија, како и на доставените докази  и се врши нивно бодување. Бодувањето се врши согласно член 5 од Правилникот за  формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања  во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија. Административната селекција завршува најдоцна 15 работни дека по истекот на рокот за пријавување на кандидатите на јавниот повик.

Фаза 2-Интервју

Во оваа фаза  преку ситуациони прашања се проверуваат општите работни компетенции за член на управен одбор и преку стручни прашања или практични задачи се проведруваат посебните работни компетенции и се врши нивно бодување, а се поставуваат и општи прашања со кои се проверува интересот и мотивацијата на кандидатот за работа, прашања за неговото претходно работно искуство, очекувања на кандидатот и сл.). Бодувањето се врши согласно член 6 од Правилникот за  формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања  во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија. Интервјуто се спроведува најдоцна десет календарски  работни дена  од денот за завршување  на административна селекција.

Точниот датум, време и место на одржување на интервјуто ќе објават на веб страницата на Општина Богданци www.bogdanci.gov.mk

Ранг листата  и записникот ќе се објават на веб страницата на Општина Богданци www.bogdanci.gov.mk

                                      Претседател на Советот на Општина Богданци

                                                                    Борис Ванчев

Образец за пријавување на јавен повик за именување на членови на Управен/Надзорен одбор на јавно претпријатие

1.Назив и седиште на јавното претпријатие   
2.Лични податоци Име и презиме 
3.Улица и број   
4.Телефон     
5.Е-маил/e-mail     
6.Уверение за државјанство     
7.Уверение за стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 образование 
8.Доказа за соодветно работно искуство Наведено во  јавниот повик   
9.Доказ за посебни работни компетенции     
10.Потврда од институцијата дека лицето работело во област на соодветната дејност   
11.Моментален статус на вработување Вработен/Невработен   

         Датум                                                                   Потпис на подносителот

________________                                                   __________________________

Пополнува примачот на пријавата  
Архивски број на пријавата    
  Датум на прием на пријавата ______________ година      Потпис и печат ____________________  

Оглас за УО во Комунална чистота

Образец за пријава на Јавен повик за Комунално претпријатие

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |