Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Јавен повик за финансирање на спортските активности од Буџетот на Општина Богданци за 2020 година

Врз основа на член 41 став 1 точка 14, а во врска со член 16 став 1 точка 6 од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник на Општина Богданци“  бр.04/05, 04/11, 04/15  и 09/19), Градоначалникот на Општина Богданци објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за финансирање на спортските активности од Буџетот на

Општина Богданци за 2020 година

             Како субјекти кои можат да конкурираат се спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот кои делуваат на територијата на Општина Богданци.

Спортски здруженија и другите правни лица кои учествуваат на овој повик потребно е :
– да го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;
– да го организираат и спроведуваат системот на натпревари;
– да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;
– да се грижат за унапредување на младите категории;

Потребна документација која спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот треба да ја достават:

-Документација од извршена регистрација на субјектот (Копија);
– Годишна програма за работа за 2020 година;
– Извештај за потрошените средства добиени од Општина Богданци за 2019 година (до денот на поднесување на пријавата).

Рок и начин на доставување на пријавите

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 24.10.2019 година (Четврток) до 16 часот.
              Пријавата со целокупната документација треба да се достави во архивата на општина Богданци или преку пошта на адреса: Општина Богданци, ул.„Маршал Тито“ бр.62, 1484 Богданци со назнака „за финансирање на активности од областа на спортот за 2020 година“.       

Здруженијатa, учесници на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по донесување на годишната Програма за финансирање на спортските активности во општина Богданци за 2020 година.

                                                                                                                

Честит Празник 11 Октомври

Почитувани граѓани,
Нека ни е честит празникот 10 Октомври  – Денот на ослободувањето на Богданци и 11 Октомври – Денот на македонскиот непокор!


buca escort

Да го забележиме времето во кое живееме, но никогаш да не ги запоставиме заслугите на постарите генерации.
Ви посакувам добро здравје и уште многу вакви годишнини.
Градоначалник на
Општина Богданци

Организирана еднодневна ексурзија за децата со посебни потреби во Дојран

На иницијатива на Општина Богданци и во соработка со ЦСР Гевгелија, децата кои престојуваат во Дневниот Центар за деца со посебни потреби Гевгелија на ден 27.09.2019 година остварија кратка екскурзија во Дојран со ручек во еден од локалните ресторани, каде имаа можност да поминат прекрасно време уживајќи во глетката на езерото.

Оваа активност беше планирана во Програмата за мерките и активностите на општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2019 година и е само една од активностите која става акцент на социјалната инклузија како и интеракција со средината која ги опкружува овие деца.

alsancak escort

Впечатоците од екскурзијата беа одлични а насмевката на нивните лица беше повеќе од очигледна.

Општина Богданци и во наредниот период ќе продолжи да организира вакви активности чија главна цел е да помогнеме во социјализацијата на овие деца, со дружење и со наше внимание да им покажеме дека не се сами во нивната секојдневна борба.

Оддржан Биди активен Пријателски натпревар во Oпштина Богданци

Во соработка со Агенција за млади и спорт во рамки на проектот “Европска недела на спортот”, Општина Богданци, ООУ „Петар Мусев“ Богданци и ОУ „Кирил и Методиј“ Стојаково го реализираа настанот “Биди активен  Пријателски натпревар”.

izmir escort bayan

Настанот беше оддржан на отвореното игралиште за фудбал и кошарка и мултифункционалното игралиште во рамки на ООУ „Петар Мусев“ Богданци, и на истиот присуствуваа  100 ученика во мешан состав, возраст и пол од двете основни училишта ООУ „Петар Мусев“ Богданци и ОУ „Кирил и Методиј“ Стојаково.

Беа организирани пријателски -спортски натпревари во Фудбал и Кошарка.

Целта на целиот проект како и на овој настан е промоција на пораката луѓето да бидат здрави и активни, како и поттикнување на помладата генерација за здрави и активни навики.

Биди активен Училишен ден во општина Богданци

Во рамки на проектот “Европска недела на спортот” спроведуван од Агенција за млади и спорт на РСМ, во општина Богданци беше имплементиран настан “Биди активен училишен ден”

escort izmir

Настанот беше оддржан на мултифункционалното игралиште во рамки на ООУ Петар Мусев Богданци и на истиот присуствуваа  64 ученика од прво одделение од двете основни училишта, ООУ „Петар Мусев“ Богданци и ОУ „Кирил и Методиј“ Стојаково.

Во организација на наставниците по спорт и спортски активности и одделенските наставници беа организирани штафетни игри (елементарни, прилагодени на возраста)

Целта на настанот е промоција на пораката луѓето да бидат здрави и активни, како и поттикнување на помладата генерација за здрави и активни навики.

Известување за прекин во испораката на електрична енергија во Општина Богданци

Без напојување со електрична енергија на 28.09.2019 и 29.09,2019  од 12:00 до 18:00 часот ќе бидaт дел од корисниците од јужниот и источниот дел на  Богданци , Беровска мала и излез кон Млаз (вклучително индустриските објекти  Оранжерии Воденичар , Бреботекс , Млекара, Бовекс и други)  , заради интервенција на водот.


escort izmir

Без напојување со електрична енергија на 28.09.2019 и 29.09.2019 од 12:00 до 18:00 часот ќе бидaт  дел од корисниците од Богданци од централниот дел према влезот кон Гевгелија , заради интервенција на водот.

Без напојување со електрична енергија на 28.09.2019 и 29.09.2019 од 12:00 до 18:00 часот ќе бидaт   корисниците од селата  Стојаково и Селемли , вклучително и индустриските објекти на потегот од Богданци кон Стојаково , заради интервенција на водот.

 

Без напојување со електрична енергија на 28.09.2019 и 29.09.2019 од 06:00 до 12:00 часот ќе бидaт  дел од корисниците од Богданци од централниот дел (околу полицијата и општината) , заради интервенција на водот.

Без напојување со електрична енергија на 28.09.2019 и 29.09.2019 од 06:00 до 12:00 часот ќе бидaт дел индустриските корисници на потегот на поранешен Млаз во Богданци. , заради интервенција на водот.

Без напојување со електрична енергија на 28.09.2019 и 29.09.2019  од 06:00 до 12:00 часот ќе бидaт корисниците од влезот на Богданци (кон Гевгелија)  и индустриските објекти меѓу Богданци и Гевгелија (Бензинска Шимов, сервис Ампов, Оранжерии Трнка 1 и2 , систем Спас за Дојран…) , заради интервенција на водот.

Еко – акција и во Општина Богданци

Општина Богданци се приклучи и ја поддржа националната еко акција за чистење на отпад  која се одржа на ден  22.09.2019 година .

izmir escort bayan

Во акцијата се вклучија учениците од СОУ„БОГДАНЦИ“ Богданци, Градоначалникот, општинската администрација, членови на советот, вработените во ЈП „Комунална Чистота“ и граѓаните.

Се чистеше отпадот кој се фрла на несоодветни места околу депонијата и на патот кој води кон депонијата . Целта на акцијата е да се подигне свеста на граѓаните за значењето на чистата животна средина и оддржување  на чиста околина.

  

Општина Богданци го одбележа „Светскиот ден без автомобили“

                

По повод  акцијата „Ден без автомобили“, денес со почеток во 10:30 часот учениците од ООУ „Петар Мусев“, ООУ „Кирил и Методиј“ Стојаково и СОУ „Богданци“ масовно се вклучија во истата.

Учениците од Богданци се движеа по улицата Маршал Тито, преку раскрсницата на Фирмата „Бреботекс“ до Градскиот Парк во Богданци“. Учениците од ООУ „Кирил и Методиј“ со велосипеди и транспаренти акцијата ја одбележаа во село Стојаково.

Целта на оваа активност е промоција на алтернативните форми на сообраќај, како пешачење, велосипедизам, подобрување на условите и можностите за користење на овие алтернативни форми на сообраќај како и подобрување на безбедноста на пешаците и велосипедистите во сообраќајот


alsancak escort

 

 

 

Склучен Договор за партнерство за реализација на проектот „Ревитализација на пат с.Богородица – с.Стојаково – крстосница со регионален пат Гевгелија – Богданци

Денес, 20.09.2019 година во просториите на Општина Гевгелија беше потпишан договорот за партнерство во реализација на проектот „Ревитализација на пат с.Богородица – с.Стојаково – крстосница со регионален пат Гевгелија – Богданци, кај бензинска пумпа Шимов, I фаза“.

Договорни страни се Центарот за развој на Југоисточен плански регион како носител на проектот застапуван од раководителот Жулиета Ѓуркова и Општина Богданци како партнер 1 застапуван од Градоначалникот Блаже Шапов и Општина Гевгелија како партнер 2 застапуван од Градоначалникот Сашо Поцков.

izmir escort bayan

Реализацијата на овој проект одобрен од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е дел од мерката 321 Развој на јавна инфраструктура во рурални средини, подмерка 321.1 Инвестиции во патна инфраструктура за поврзување меѓу две или повеќе населени места во рурални средини со должина од 5км, за што се одобрени вкупни средства без ДДВ во износ од 11.038.520,25 денари.

Општина Богданци како партнер 1 во реализација на проектот  ќе учествува со сопствени средства во износ од 1.234.898,86 денари, од кои 3.000,00 денари се трошоци за објавување на оглас за јавна набавка и 62% од вкупната вредност на ДДВ  во износ од 1.231.896,86 денари.

Општина Гевгелија како партнер 2 во реализација на проектот ќе учествува со сопствени средства во износ од 758.034,79 денари, од кои 3.000,00 денари се трошоци за објавување на оглас за јавна набавка и 38% од вкупната вредност на ДДВ во износ од 755.034,79 денари.

Следува распишување на тендерска постапка.

Започна реконструкција на локалниот пат Стојаково Селемли и улици во Селемли

Општина Богданци по спроведените постапки за јавни набавки и склучување на договори за реализација на истите започна со активностите за реконструкција на улици во населено место Селемли и реконструкција на локален пат Стојаково – Селемли.

izmir escort

Станува збор за реконструкција на улиците Маршал Тито, ЈНА, Илинденска, Солунска и Гоце Делчев со вкупна должина од 992м, а градежните активности се започнати така да се врши ископ на постоечката земјена подлога а на нејзино место ќе се постави тампонски материјал. Истиот машински ќе се набива и над него ќе се постави асфалт. Ископаниот материјал ќе се одложи на соодветна депонија

Реконструкцијата на Локалниот пат Стојаково Селемли со вкупна должина од 3800 метри опфаќа вадење на стариот асфалт, ископ на подлогата под асфалтната површина и истата ќе се пополни со тампонски материјал, машински ќе се набие и ќе се асфалтира.

Изведувач на активностите е правното лице ЖИКОЛ ДООЕЛ Струмица.

   

 

 

 

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara