Второ авио-третирање против комарци

Ве информираме дека второто авио-третирање против комарци во општините Богданци, Валандово и Дојран е планирано да се изврши на 23.07.2019 година – вторник, во раните утрински часови, односно во период од 04:30 до 09:30 часот.

Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе  на 24.07.2019 година.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да  ги затворат истите во најавениот временски период.

Ребаланс на Буџетот на Општина Богданци за 2019 година

На 30-та седница на Советот на Општина Богданци се разгледаа и едногласно се усвоија измените и дополнувањата на Буџетот на Општината за 2019 година, кој е зголемен за нови 32.560.234,00 денари .

Со Ребалансот, Буџетот на Општина Богданци за 2019 година изнесува 183.536.224,00 денари од кои :

  • Даночните приходи се планирани на износ од 23.254.613,00 денари
  • Неданочните приходи се планирани на износ од 10.162.500,00 денари
  • Капиталните приходи се планирани  на износ од 3.000.000,00 денари
  • Приходите од дотации се планирани на износ од  355.738,00 денари и
  • Приходите од трансферите се планирани на износ од  565.311,00 денари
  • Пренесен вишок од претходната година 24.198.062,00 денари.

Во измената и дополнувањето на Буџетот на општината во делот на наменската дотација се направени комплетни измени во речиси сите програми на единките корисници. Истите како и основниот буџет се намалени на ниво на циркуларот доставен од страна на Министерството за финансии каде блок дотацитаја за 2019 година им изнесува 68.181.571,00 денари и салдо од претходна година 5.174.167,00 денари.

Потребата од донесување на Ребаланс на Буџетот произлезе согласно одобрените средства од страна на Агенцијата за Финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за следните проекти:

  • Реконструкција на локален пат Стојаково–Селемли, вкупната одобрена вредност за бараната инвестиција 18.033.226,00 денари, каде обврска на општината е да го плати данокот за додадена вредност кој изнесува 3.245.981,00 денар;
  • Реконструкција на улици во населено место Селеми, вкупната одобрена вредност за бараната инвестиција 8.418.880,00 денари, каде обврска на општината е да го плати данокот за додадена вредност кој изнесува 515.398,00 денари;
  • Реконструкција на пешачка и велосипедска патека Богданци-Чести Јавори-Паљурци, вкупната одобрена вредност за бараната инвестиција 10.681.140,00 денари, каде обврска на општината е да го плати данокот за додадена вредност кој изнесува922.605,00 денари ;
  • Ревитализација на локален пат Богданци – Стојаково – Ѓавато, вкупна одобрена вредност за бараната инвестиција 11.038.520,00 денари, каде обврска на општината е да го плати данокот за додадена вредност кој изнесува 1.986.933,00 денари.

АФПЗРР обезбеди средства во износ од 48.171.766,00 денари додека Општина Богданци за овие проекти ќе инвестира вкупно 8.670.917,00 денари. Вкупната инестиција изнесува 56.842.683,00 денари.

Структурата на ребалансот е така направена што средствата се насочени кон развој на општината како и подобрување на квалитетот на живот особено во руралните средини.

Известување за планиран прекин во напојување со електрична енергија на 20 и 21 јули 2019

Почитувани,

Согласно добиеното известување од ЕВН Македонија КЕЦ Гевгелија, без напојување со електрична енергија на 20.07.2019 и 21.07.2019  од 12:00 до 18:00 часот ќе бидaт дел од корисниците од јужниот и источниот дел на  Богданци, Беровска мала и излез кон Млаз (вклучително индустриските објекти  Оранжерии Воденичар, Бреботекс, Млекара, Бовекс и други), заради интервенција на водот.

Без напојување со електрична енергија на 20.07.2019 и 21.07.2019 од 12:00 до 18:00 часот ќе бидaт  дел од корисниците од Богданци од централниот дел према влезот кон Гевгелија, заради интервенција на водот.

Без напојување со електрична енергија на 20.07.2019 од 12:00 до 18:00 часот ќе бидaт  корисниците од селата  Стојаково и Селемли, вклучително и индустриските објекти на потегот од Богданци кон Стојаково, заради интервенција на водот.

Без напојување со електрична енергија на 20.07.2019 и 21.07.2019 од 06:00 до 12:00 часот ќе бидaт  дел од корисниците од Богданци од централниот дел (околу полицијата и општината), заради интервенција на водот.

Без напојување со електрична енергија на 20.07.2019 и 21.07.2019 од 06:00 до 12:00 часот ќе бидaт дел индустриските корисници на потегот на поранешен Млаз во Богданци, заради интервенција на водот.

Без напојување со електрична енергија на 20.07.2019 и 21.07.2019  од 06:00 до 12:00 часот ќе бидaт корисниците од влезот на Богданци (кон Гевгелија)  и индустриските објекти меѓу Богданци и Гевгелија (Бензинска Шимов, сервис Ампов, Оранжерии Трнка 1 и 2, систем Спас за Дојран…), заради интервенција на водот.

Општина Богданци набави 50 нови контејнери

Општина Богданци набави 50 нови контејнери со зафатнина од 1,1 метар  кубен. Станува збор за пластични контејнери со кои ќе бидат заменети некои од постоечките стари и оштетени контејнери, а ќе се постават и на места каде што досега немало садови за собирање на сметот од домаќинствата како во Богданци така и во сите населени места во Општината.

Набавката е извршена врз основа на објавениот оглас и изборот на најповолна понуда за  набавка на истите во вредност од 410.640 денари.

      

Започна чистење на депонијата во Богданци

Согласно постапката за јавна набавка спроведена од страна на ЈП „Комунална Чистота“ Богданци деновиве започна чистењето на депонијата во Богданци.

Активностите опфаќаат  расчистување, порамнување и одржување на депонијата со површина од 5,6 ха, оградување на истата со бетонски столбови и мрежа како и правење на тампон зона од 20м околу неа како превенција од запалување. Целиот смет ќе биде затрупан во ров со површина од околу 32.000м2.

Во рамки на акцијата досега е расчистена околу 1ха површина од кабаст, градежен и мешан комунален отпад, а од механизација се употребуваат булдозер и багер.

Изведувач е правното лице „Вики Компани Гевгелија, а вредноста на договорот  изнесува 2.000,000 денари + ДДВ.

 

ЈП „Комунална Чистота“ набави специјално возило за чистење на канализации

ЈП „Комунална Чистота“ Богданци за своите потреби набави специјално возило за чистење на канализации со пумпа со висок притисок. Со набавката на ова возило ќе се подобрат условите и ефикасноста во работењето на претпријатието и воедно ќе се олесни чистењето на канализациите бидејќи една од главните функции на истото е чистење (перење) на канализационите цевки под висок притисок.

Возилото е набавено согласно спроведена јавна набавка во вредност од 1.700,000.00 денари + ДДВ.

      

Одобрени проекти од АФПЗРР

Општина Богданци доби финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој по јавниот повик за мерка 321 Подобрување на квалитетот на живот во рурални средини, подмерка 321.1 Изградба на локална патна инфраструктура (вклучително и мостови) за поврзување на две или повеке населени места во руралните средини во должина до 5 км врз основа на Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој за 2018.

Финансиската поддршка е за проектот: Реконструкција на локален пат Стојаково –Селемли, вкупната одобрена вредност за бараната инвестиција изнесува 18.033.226,00 денари.

Општина Богданци доби финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој по јавниот повик за мерка 322 Обнова и развој на селата, подмерка 322.2 Инвестиции за изградба и/или реконструкција на улици во населени места во рурални средини (вклучително и атмосферска канализација и пешачки елементи) во должина до 1 км, врз основа на Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој за 2018.

Финансиската поддршка е за проектот: Реконструкција на улици во населено место Селеми, вкупната одобрена вредност за бараната инвестиција изнесува 8.418.880,00 денари.

Општина Богданци доби финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и по јавниот повик за мерка 323 Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја, подмерка 323.3 Изградба или реконструкција на патна инфраструктура за пристапност до и околу природни знаменитости во рурални средини вклучително и нивно уредување и воведување на комплементарни содржини –пешачки, велосипедски и останати спортски патеки и шеталишта, врз основа на Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој за 2018.

Финансиската поддршка е за проектот: Реконструкција на пешачка и велосипедска патека Богданци-Чести Јавори-Паљурци, вкупната одобрена вредност за бараната инвестиција изнесува 10.681.140,00 денари.

По завршување на тендерските постапки и избор на најповолен понудувач за трите проекти ќе се пристапи кон реализација на истите.

Прво прскање против комарци

Ве информираме дека првото авио-третирање против комарци во општините Богданци, Валандово и Дојран е планирано да се изврши на 27.06.2019 година – четврток, во раните утрински часови, односно во период од 04:30 до 09:30 часот.

Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе  на 28.06.2019 година.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да  ги затворат истите во најавениот временски период.

Повик за јавна расправа

Во Понеделник  на 24 јуни 2019 година, со почеток во 20 ч. во просториите на ЈОУ Дом на Култура Богданци ќе се одржи јавна расправа за долгорочно задолжување на Општина Богданци во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги, МСИП.

Предмет на задолжување е изградба на нов мост преку река Луда Мара, итноста за реализација на овој проект е заради рехабилитација на регионалниот пат Гевгелија-Богданци-Фурка дел од регионалниот пат 1109.

Учествувајќи на оваа јавна расправа, заинтересираните страни во општина Богданци ќе имаат можност да дадат придонес во определувањето на приоритетите за идна реализација  согласно условите за задолжување пропишани од проектот.

Општина Богданци ги повикува сите  граѓани, претставници од приватниот сектор, претставници од невладиниот сектор, претставниците на урбаните и месните заедници како и сите други заинтересирани страни да земат учество во јавната расправа.

Соопштение

ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ,

ОД ЧЕТВРТОК  (30.05.2019),ПОПЛАДНЕ ДО САБОТА  (01.06.2019),ДО КРАЈ НА ДЕНОТ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ АКТИВНОСТИТЕ НА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦИТЕ ВО ВАШИОТ РЕОН СО АСФАЛТИРАЊЕ НА ИСТИТЕ.

ПРОЕКТНИТЕ АКТИВНОСТИ (АСФАЛТИРАЊЕТО) МОЖЕ ДА СЕ ПРОЛОНГИРААТ ЗАРАДИ НЕСООДВЕТНИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ.

ОВАА АКТИВНОСТ ПОДРАЗБИРА ПРИВРЕМЕН ЗАСТОЈ ВО НОРМАЛНОТО ОДВИВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ.

ОД ТИЕ ПРИЧИНИ ВЕ ЗАМОЛУВАМЕ ДА ГО ПЛАНИРАТЕ КОРИСТЕЊЕТО НА ВАШИТЕ АВТОМОБИЛИ И ДРУГИ ПРЕВОЗНИ СРЕДСТВА И ИСТОТО ДА ГО  ПРИСПОСОБИТЕ  СОГЛАСНО ПРОЕКТНИТЕ АКТИВНОСТИ.

ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА РАЗБИРАЊЕТО И СОРАБОТКАТА!

ОПШТИНА БОГДАНЦИ

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara