Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Јавен оглас за субвенционирање на трошоци за комунални услуги

Врз основа на Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги бр.08- 2365/20 од 25.12.2018 година („Службен гласник на Општина Богданци“ бр. 18/18), Градоначалникот на Oпштина Богданци, објавува  

ЈАВЕН ОГЛАС 
ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ 

Општина Богданци ќе обезбеди средства од Буџетот на Општина Богданци за 2019 година за финансирање на активности од областа на социјалната заштита, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓани изложени на социјални ризици.

Вкупниот  износ на субвенцијата   ќе изнесува  300,оо денари  месечно за секој корисник  и е составена од една компонента и тоа:

  1. покривање на трошоците  за потрошена вода за пиење од 300,оо денари за секој корисник на услугата односно субвенцијата;

Право да поднесат  барање за субвенционирање од средствата на  Буџетот на Општина Богданци имаат:

  • Лица корисници на социјална парична помош;
  • Да е корисник на услуги од ЈП „Комунална Чистота“ Богданци,

Со барањето за субвенционирање на трошоци за комунални услуги се доставува следната документација:

  • Потврда дека е корисник на социјлана парична помош;
  • Потврда за користење на услуги од ЈП „Комунална Чистота“ Богданци;
  • Лична карта (на увид);

Заинтересираните лица своите барања можат да ги достават директно во архивата на општина Богданци или преку пошта, на адреса : Oпштина  Богданци ул.„Маршал Тито“ бр.62 Богданци;

Јавниот оглас ќе трае 10 дена од денот на објавувањето на веб страната на општината  www.bogdanci.gov.mk, и на огласната табла на општината, а барањата ќе можат да се достават најдоцна до 03.02.2019 година до 16 часот во архивата на Општина Богданци.

Градоначалникот во посета на првороденото бебе во Новата Година

 

 

На 03.01.2019 година се роди првото бебе (машко) во Одделението за Гинекологија и Акушерство при општата Болница во Гевгелија.

Мајка на првороденото бебе е  Гордана Диванисова  од Богданци.

Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов,  денес ја посети родилката на кои и беа доделени пригодни подароци.  Исто така ќе и биде доделен и паричен надомест одвоен од Буџетот на Општината за новородено бебе.

Среќни Новогодишни и Божиќни празници

 

Почитувани,

Ми претставува задоволство во мое лично име, во името на општинската администрација како и од името на Советот на Општина Богданци, да Ви испратам најискрени желби за што подобра Нова Година, посакувајќи во секое семејство да преовладува здравје, љубов, среќа и слога.

Ќе ја искористам оваа честитка да им посакам на сите Христијани од Православна вероисповед претстојниот празник, Раѓањето Христово – Божиќ да го минат во добро здравје, мир и благосостојба. Божиќните прослави нека бидат добра можност  за јакнење на вербата во иднината и надминување на сите несогласувања.

Празничните денови нека донесат Божји благослов во Вашите срца, во домовите и во вашите семејства.

Нека Ви е среќна, весела и бериќетна Новата 2019 година!

Среќни празници!

 

Со почит,

Блаже Шапов – Градоначалник на Општина Богданци

 

Соопштение за прекин на водоснабдувањето во Богданци и село Ѓавото

Се информираат жителите на Богданци и с.Ѓавато дека денес, 31.12.2018 година поради дефект со напојувањето со електричната енергија (висок напон) во село Ѓавато, без вода за пиење ќе останат населените места Богданци и Ѓавато, почнувајќи од 15.00 часот. Во моментов се работи на отстранување на дефектот.  Се надеваме на разбирање од Ваша страна

Јавен повик

Арх.бр.09-2225/1

од 05.12.2018 год.

Врз основа на член 8 став 1 од Закон за финансиска подршка на единиците на локалната самоуправа и единките корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (,, Службен весник на РМ“ бр.209/18), Градоначалникот на Општина Богданци, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК бр.1/2018

            Со овој јавен повик се повикуваат сите доверители на Општина Богданци и единки корисници кои имаат доспеани, а неплатени обврски евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските заклучно со месец септември 2018 година, да се пријават во Општина Богданци со цел спогодбено утврдување на износот на обврските.

            Пријавата треба да содржи:

-целосен назив на физичко/правното лице и седиште;

-матичен и даночен број на доверителот;

-телефон за контакт и маил адреса;

-сите можности кои доверителите ги нудат кон општината во однос на сервисирање на најзината обврска.

Со пријавата во која ќе биде назначено дали истата се однесува на Општина Богданци или за единките корисници, доверителите треба да достават:

– Тековна состојба ( за правните лица), не постара од шест месеци, во оригинал или копија заверена на нотар / фотокопија од лична карта за физички лица заверена на нотар;

– Книговодствена документација за вкупните нивни побарувања врз основа на која е настаната обврската;

Општината го задржува правото во текот на постапката за преговарање да побара дополнителни документи кои се од интерес на постапката.

За обврските на општината, Градоначалникот ќе пристапи кон преговори со сите доверители кои се јавиле на јавниот повик за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските за општината, за што се составува и потпишува записник со секој доверител.

За обврските на единките корисници, Градоначалникот и Одговорното лице на единката корисник пристапуваат кон преговори со сите доверители кои се јавиле на јавниот повик за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските за единката корисник, за што се составува и потпишува записник со секој доверител.

За датумот и местото на одржување на преговарањето, доверителите кои ќе се пријават ќе бидат дополнително известени.

По завршување на процесот на преговарање, Градоначалникот на општината ќе изготви Извештај за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски и истиот ќе го достави до Советот на општината кој го одобрува со Одлука.

Приоритет при исплата на доспеаните, а неплатени обврски, имаат обврските со кои спогодбено со доверителот е постигнато целосно откажување од каматата и намалување на главницата на побарувањето за 15%.

Рокот за пријавување на јавниот повик  е 15 дена, а започнува да тече наредниот ден од денот на објавување на повикот.

Повикот ќе биде објавен на огласна табла на Општина Богданци, на web страната на Општина Богданци и во два дневни весника .

Пријавата заедно со целокупната документација треба да биде доставена до архивата на Општина Богданци ул.,,Маршал Тито“ бр.62 Богданци , со назнака ,, За Јавен повик бр.1/2018 за пријава за доверители“ или по пошта со препорачена пратка.

Ненавремени пријави нема да бидат земени во предвид при процесот на преговарање.

Проширена мрежата за јавно осветлување на подрачјето на Општина Богданци

Согласно Програмата за улично осветлување на подрачјето на Oпштина Богданци за 2018 година, се изврши проширување на мрежата за јавно осветлување.

Беа поставени нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото и Селемли. Активностите во населено место Богданци се вршеа на повеќе локации каде што имаше потреба од истите, односно беа опфатени улиците Крушевска, Васил Главинов, Ѓуров Дол, Нако Вардарски, Изворски, 8-ми Март, м.в.Горно Село и др.

Со проширувањето на уличното осветлување на територијата на целата општина  за 2018 година беа поставени 55 нови бандери и 89 нови сијалици.

Општина Богданци и во 2019 година ќе продолжи со активноста за проширување и оддржување на мрежата за јавно осветлување во сите населени места во општината.

Проширувањето  на  мрежата за јавно  осветлување  значително ќе ја подобри осветленоста на локалните патишта и ќе придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Оддржана работна конференција на Локалниот Совет за Превенција на Општина Богданци

На ден 14.11.2018 година со почеток во 13.00 часот во просториите на ЈОУ Дом на Култура „Бранд Петрушев“ Богданци беше оддржана работна конференција на Локалниот Совет за Превенција по иницијатива на Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов и СВР Струмица.

На седницата присуствуваа: Блаже Шапов – Градоначалник на општина Богданци, Претставници од СВР Струмица, ПС Гевгелија и ПО Богданци, членови на Советот на општина Богданци, Директорите на општинските училишта, претставници од општинската администрација на општина Богданци, Претставник од МЗ Стојаково,Црвен крст,РЦСР Гевгелија, ДЗС  Гевгелија, РЦУК Гевгелија, УВМК Гевгелија и ЈП Македонски шуми.

На седницата свое обраќање имаше Градоначалникот на општина Богданци, Началникот на СВР Струмица, како и началникот на Сектор за превенција при СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

Локалниот совет за превенција претставува алатка за подобрување и зајакнување на партнерството помеѓу граѓаните и компетентните органи на власта за тие да можат да изградат заеднички цели, да ги решат локалните безбедносни проблеми и да обезбедат подобри услуги за граѓаните.

Јавен повик за свикување на Буџетски форум во Општина Богданци

Врз основа на Член 12 од Правилникот за организирање и одржување на форумите на заедницата на Општина Богданци („Службен гласник на Општина Богданци“ бр.  06/11), Градоначалникот на Општина  Богданци , објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за свикување на Буџетски Форум во Општина Богданци

за 2019 година

Се повикуваат  сите граѓани на општината, бизнис секторот, невладини организации и сите други заинтересирани субјекти (правни и физички лица), да присуствуваат и рамноправно да учествуваат во работата на Првата сесија на Буџетскиот Форум.

Целта на организирањето на овој Форум е преку директно, партиципативно учество граѓаните да  добијат можност да придонесат во креирањето на Буџетот на општина Богданци за 2019 година. Ова преставува добар  начин за подобра распределба на ограничените Буџетски  средства и постигнување поголем ефект при нивната реализација.

Општина Богданци на овој начин ја искажа својата транспарентност, излегувајќи им во пресрет на барањата на граѓаните да учествуваат во креирањето на Буџетот за следната година.

Форумот ќе се оддржи во просториите на Домот на култура „ Бранд Петрушев “ во Богданци на  16.11.2018 година (ПЕТОК) во   18.00  часот.

 

 

Јавен повик за финансирање на културните активности од Буџетот на Општина Богданци за 2019 година

Врз основа на член 41 став 1 точка 14 а во врска со член 16 став 1 точка 5 од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник  на Општина Богданци“ бр.04/05, 04/11 и 04/15), Градоначалникот на Општина Богданци објавува:

ЈАВЕН ПОВИК 

за финансирање на културните активности од Буџетот на

Општина Богданци за 2019 година

             Право на учество имаат здруженија на граѓани и други правни лица од областа на културата кои делуваат на територијата на Општина Богданци.

Здруженијата на граѓани и другите правни лица кои учествуваат на овој повик потребно е :
– да придонесат за збогатување на културниот живот во општината;
– да придонесат за зачувување и афирмирање на материјалното и духовното културно наследство на општина Богданци;
– да го поттикнат и афирмираат културното творештво  на младите уметници;
– да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;

-да обезбедат континуитет на традиционалните културно уметнички манифестации кои се од локален карактер.

Потребна документација која здруженијата на граѓани и други правни лица од областа на културата треба да ја достават:

– Документација од извршена регистрација на субјектот (Копија);
– Годишна програма за работа за 2019 година;
– Извештај за потрошените средства добиени од Општина Богданци за 2018 година (до денот на поднесување на пријавата);

Рок и начин на доставување на пријавите

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 02.11.2018 година (Петок) до 16 часот.
Пријавата со целокупната документација треба да се достави во архивата на општина Богданци или преку пошта на адреса: Општина Богданци, ул.„Маршал Тито“ бр.62 1484 Богданци со назнака „за финансирање на активности од областа на културата за 2019 година“.       

Здруженијатa, учесници на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по донесување на годишната Програма за финансирање на културните активности во Општина Богданци за 2018 година.

Јавен повик за финансирање на спортските активности од Буџетот на Општина Богданци за 2019 година

Врз основа на член 41 став 1 точка 14 а во врска со член 16 став 1 точка 6 од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник на Општина Богданци“  бр.04/05, 04/11 и 04/15), Градоначалникот на Општина Богданци објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за финансирање на спортските активности од Буџетот на

Општина Богданци за 2019 година

             Како субјекти кои можат да конкурираат се спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот кои делуваат на територијата на Општина Богданци.

Спортски здруженија и другите правни лица кои учествуваат на овој повик потребно е :
– да го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;
– да го организираат и спроведуваат системот на натпревари;
– да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;
– да се грижат за унапредување на младите категории;

Потребна документација која спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот треба да ја достават:

-Документација од извршена регистрација на субјектот (Копија);
– Годишна програма за работа за 2019 година;
– Извештај за потрошените средства добиени од Општина Богданци за 2018 година (до денот на поднесување на пријавата).

Рок и начин на доставување на пријавите

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 02.11.2018 година (Петок) до 16 часот.
Пријавата со целокупната документација треба да се достави во архивата на општина Богданци или преку пошта на адреса: Општина Богданци, ул.„Маршал Тито“ бр.62, 1484 Богданци со назнака „за финансирање на активности од областа на спортот за 2019 година“.       

Здруженијатa, учесници на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по донесување на годишната Програма за финансирање на спортските активности во општина Богданци за 2019 година.

                                                                                                                                                                                                                                                           

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara