Општина Богданци објави оглас за доделување договор за јавна набавка за реконструкција на улици на територијата на Општина Богданци. Станува збор за улиците Луда Мара, Осоговски, Братство Единство и Васил Главинов во Богданци и реконструкција на тротоар на улица Гоне Каракабаков во Стојаково. Краен рок за доставување на понудите е 30.03.2020 година.

Општината објави и оглас за чистење, тампонирање и поставување на бехатон со набавка, транспорт и поставување на улични бетонски рабници на паркинг на ул.,,Нако Вардарски“ Богданци (позади Комерцијална Банка). Сите заинтересирани правни лица понудите може да ги достават најдоцна до 19.03.2020 година.

Средствата за реализација на двата договори се обезбедени од Буџетот на Општина Богданци согласно Програмата за  изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2020 година.

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara