По повод 26-ти Април, Денот кога пред 79 години излегле првите партизани од Богданци, Гевгелија и Гевгелиско, локалната самоуправа, Здружението на борците и членови на Општинското Здружение на Пензионери им оддадоа почит на народните херои и паднатите борци со положување цвеќе пред бистите во Градскиот парк во Богданци.

Излегувањето на партизаните од овој крај се совпаднало со Велигденските празници во 1943 година, кога било договерено тие да излегуваат во групи поради безбедносни причини а првата група партизани излегла токму на 26 април, значаен ден за историјата на Богданци. Првата група ја сочинувале 10 души, а од Богданци биле Коста Поп Ристов, Илија Калчев, Ване Калчев и Петар Мусев.

По тој повод на денешен ден се празнува и патрониот празник на ООУ „Петар Мусев“ во Богданци,

Честит да ни биде Денот на училиштето, честит и вековит да биде споменот на нашиот патрон, Петар Мусев.

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara