Одделението за комунални дејности и заштита на животната средина ги врши работите кои се однесуваат на:
- одржување на јавната чистота;
- одржување на јавното осветлување;
- изградба, одржување и заштита на локални патишта, улици, паркинг простори и други инфраструктурни објекти;
- одржување и користење на зелени површини;
- општински превоз и авто – такси превоз на патници и сообраќајна сигнализација;
- определување на имињата на улиците и другите инфраструктурни објекти;
- следење на состојбите и извршување на работите од областа на заштитата на животната средина;
- врши координација со комуналното претпријатие;
- благосостојба на животните;
- други работи утврдени со закон и други прописи, статутот и актите на Советот и Градоначалникот на општината.“