На 06.08.2020 во ООУ Петар Мусев, Богданци во 20.00 часот беше одржана втората форумска сесија во рамки на Проектот „Зајакнување на општинските совети“ (  кој е финансиски поддржан од страна на Швајцарската Агенција за развој и соработка (СДЦ), а се имплементира од Програмата за развој на Обединетите нации), во општина Богданци. На сесијата присуствуваа вкупно 40 граѓани, а како гостин беше присутен претставник од УНДП Г-ин Илмиасан Даути и градоначалникот Г-ин Блаже Шапов.

На форумот беа презентирани вкупно седум проектни концепти :

  1. Опремување и партерно уредување на Дом на култура Стојаково
  2. Опремување на кабинети по природни науки
  3. Безбеден граѓанин – среќен граѓанин (поставување хоризонтална и вертикална сигнализација во Богданци)
  4. Летна сцена во Дом на култура „Бранд Петрушев“
  5. Спортско – рекреативни катчиња
  6. Отворање на медиатеки
  7. Реконструкција на сали за состаноци во урбани и месни

заедници

Пооделно, по секој концепт присутните на форумот низ дискусија  со забелешки и дополнувања одлучуваа за прифаќање на концептот од страна на форумот.  Одлуката од втората форумска сесија беше:

  • да се прифатат концептите – Безбеден граѓанин – среќен граѓанин (поставување хоризонтална и      вертикална сигнализација во Богданци), Спортско – рекреативни катчиња, група образование
  • да се спојат во едно концептите- Опремување на кабинети по природни науки со Отворање на медиатеки, група образование ,и Летна сцена во Дом на култура „Бранд Петрушев“ со Опремување и партерно уредување на Дом на култура Стојаково , група култура
  • да се прифати но со забелешки и дополнувања концептот Реконструкција на сали за состаноци во урбани и месни заедници
konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara