На ден 03.04.2020 год. (петок) со почеток во 10 часот општина Богданци оддржа Општински кризен штаб во врска со спречување на внесување и ширење на корона вирус Kovid-19 на територија на општина Богданци.

На седницата покрај досега преземените мерки и заклучоци од страна на општина Богданци, а согласно препораките од страна на Главниот координативен кризен штаб и Владата на РСМ беа донесени следните заклучоци:

  1. Да се задолжат Советите на станари и станарите во станбените згради редовно да вршат дезинфекција на зградите.
  2. Да се постават дезинфекциони бариери со сензори на влезовите во Богданци .
  3. Воведени се дежурни телефони –Сите граѓани кои имаат потреба од консултација за психолошка поддршка можат да се обратат на дежурните телефонски броеви: 076 304 990 и 078 331 351 за возрасни лица во текот на 24 ч. За психолошка поддршка за деца и адолесценти, консултации на дежурниот телефонски број: 078218031.
  4. Да се оградат со лента летниковците покрај брана Паљурци за да нема собирање на поголеми групи на луѓе и почесто патролирање од страна на полицијата.
  5. Да се известат сите маркети, аптеки, банки и објекти кои даваат поштенски услуги, задолжително да обезбедат ред при влез и во внатрешноста во овие објекти, со цел да се контролира влезот и бројот на лица во истите, така што ќе се обезбеди минимум потребното растојание од два метри помеѓу лицата пред и во објектите.
  6. Да се продолжи со дезинфекција на улиците и јавните површини на територијата на општина Богданци, по однапред утврдена динамика од страна на општината.

 

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara