Почитувани сограѓани,

Општина Богданци продолжува  и во наредниот период со селектирање на создадениот отпад од домаќинствата:

  1. Собирање на електричен и електронски отпад

– Листата за електричен и електронски отпад е дадена на следниот линк.

– Садот за селектирање на овој вид отпад се наоѓа  под општинската зграда.

За подетални информации можете да се јавите секој работен ден од 08:00 -16:00 часот на моб. 078 321 586 и  тел.034 218 400

  1. Собирање на искористено масло за јадење (зејтин) од правни и физички лица. Граѓаните кои ќе се определат за собирање/селектирање на искористениот зејтин ќе добијат соодветен сад од страна на лиценцираната фирма која доаѓа до Вашите домови.

Сите граѓани кои не сакаат да предизвикуваат дополнителни проблеми, фрлајќи го искористеното масло за јадење во канализационите цевки, може да се пријавите на тел, 078 321 586 или  034 218  400  за споделување на дополнителни информации (име, презиме и адреса на живеење), секој работен ден од 08:00 -16:00 часот.

3.Селектирање на стакло во зелените контејнери кои во моментот се поставени на ул.Маршал Тито и еден контејнер на ул. Страшо Пинџур во Богданци ;

4.Собирање на пластика во жолтите контејнери.

Ве замолуваме, пред да ги ставите во контејнерот за пластика да го намалите  волуменот  на пластичните шишиња.

5.Садови за искористени батерии има поставено во просториите (ходниците) на општинските згради .

6.Општината доделува бесплатна брошура за правилно одвивање на процесот компостирање (добивање  компост ). Граѓаните кои неможат да дојдат до просториите во општината за да ја подигнат брошурата од оправдани причини (здравствени проблеми и возрасни лица), од вработените во општината, истата ќе Ви биде доставена до Вашите домови.

Јавете се на тел. 034 218 400 и моб. 078 321 586, секој работен ден од 08:00 – 16:00 часот. За сите граѓани кои доаѓаат во општината, брошурата можат да ја подигнат  во соба број 6 , зграда „Изворски„ приземје, лево.

Се известуваат  правните субјекти, картонските кутии од пакување да не ги ставаат во контејнерите за комунален отпад, бидејќи истите треба да ги предаваат на овластени фирми за овој вид отпад.

Голема благодарност на одговорните правни субјекти!

Во наредниот период  Општина Богданци има предвидено поставување на дополнителни садови  за отпад, замена на дотраени и оштетени контејнери .

 

ekbonus.com deneme bonusu veren siteler linkegit.com

bahis siteleri grandbetting cratosslot betkanyon albibet aresbet galabet maltcasino vdcasino baymavi supertotobet retrobet betasus betexper btcbahis betvole ngsbahis betmatik