Врз основа на Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби за 2021 и 2022 година, на 10.06.2021 година се склучи договор за реализација на проектот – „Подобрување на сообраќајната инфраструктура преку реконструкција на шест улици во село Стојаково.  Договорни страни се Министерство за локална самоуправа, Биро за регионален развој застапуван од директорот Рамиз Реџепи од една страна и Општина Богданци  застапувана од Градоначалникот, Блаже Шапов.

Со проектот се планира реконструкција на шест  улици во село Стојаково и тоа: ул „Леонид Јанков“, ул „Солунска“, ул „Дваесетипетмина крак 1“, ул „Дваесетипетмина крак 2“, ул „Карпошева крак 2“, и ул „Јане Сандански“. Вкупната должина на улиците кои се предмет на реконструкција изнесува 1235,00 метри, со вградување на павер со сива боја од 8 цм. За таа цел, доделени се средства во износ од 3.000,000 денари како учество на Бирото за регионален развој а остатокот од средствата ќе се дообезбедат од Буџетот на општина Богданци. Следува спроведување на постапка за јавна набавка за избор на најповолен понудувач.

ekbonus.com deneme bonusu veren siteler bahisaq.com linkegit.com