Почитувани,

Општина Богданци во соработка со УНДП, преку проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Ве поканува на втората сесија од Проектниот форум, што  ќе се одржи на четврток, 06.08.2020 година, со почеток во 20.00 часот, во ООУ „Петар Мусев“ во Богданци.

На втората сесија, граѓаните ќе имаат можност да ги проследат концепт проектите, кои настанаа на основа на нивните предлози од првата форумска сесија, кои во основа ја имаат социјалната инклузија. Ќе бидат презентирани седум концепт проекти, за кои ќе се дискутира во рамките на форумот, кој ќе одлучи кои од овие предлози ќе бидат преточени во предлог проекти за следната сесија.

Во прилог на оваа покана е Дневен ред со распоредот на презентации и дискусии по концепт проектите.

Нагласуваме дека втората форумска сесија се одржува според Протоколот за одржување на форуми на заедницата во услови на ковид- 19, документ донесен од имплементаторот УНДП, со високи мерки на заштита. Просторијата е дезинфицирана, поставени се маси со пропишаното растојание од два метри при седењето, обезбедени се средства за дезинфекција и останатите потребни мерки. Организаторот, Општина Богданци ги презема сите потребни мерки, пропишани со овој Протокол.

Учесниците на форумските сесии треба да ги почитуваат пропишаните мерки за заштита во затворен простор преку носење на заштита маска.

За форумот: Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Присутните граѓани на форумот ќе имаат можност да предлагаат и да изберат приоритетни проекти, кои ќе се финансираат од проектниот фонд во износ од 50.000 швајцарски франци (CHF).

За проектот: Форумскиот процес е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“, чија втора компонента е зајкнување преку мали грантови за приоритетни мерки на општините, избрани преку јавни консултации.

 

 

 

 

Со почит,

Општина Богданци

 

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara