Почитувани,

Општина Богданци во соработка со УНДП, преку проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Ве поканува на Проектен форум. Првата сесија од Проектниот форум ќе се одржи во вторник, 03.03.2020 година во 18 часот, во Домот на културата во Богданци.

Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Форумот е  алатка  за учество на граѓаните во подготовка и избор на приоритетни проекти.

Присутните граѓани на форумот ќе имаат можност да предлагаат и да изберат приоритетни проекти, кои ќе се финансираат од буџетниот фонд во износ од 50.000 швајцарски франци (CHF).

За проектот: Форумскиот процес е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“, чија втора компонента е зајкнување преку мали грантови за приоритетни мерки на општините, избрани преку јавни консултации. Преку форумскиот процес се обезбедува:

  • Зголемување на транспрентноста и граѓанското учество на општините;
  • Создавање и јакнење на капацитети на сите вклучени страни;
  • Подобрување на соработката, вмрежување и создавање на партнерства на локално ниво;
  • Подобрување на животот на луѓето во заедницата.

Со почит,

Општина Богданци

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara