Почитувани,

Општина Богданци во соработка со УНДП, преку проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Ве поканува на третата сесија од Проектниот форум, што  ќе се одржи во вторник, 18.08.2020 година, со почеток во 20.00 часот, во холот на ООУ „Петар Мусев“ – Богданци

На оваа трета сесија присутните граѓани ќе можат да ги проследат презентациите на предлог проектите, кои произлегоаа од втората сесија, а кои беа прифатени за следно разгледување. Ќе бидат претставени 5 предлог проекти, за кои потоа, по секоја презентација, присутните ќе дискутираат.

Во прилог на оваа покана е Дневниот ред со распоредот на презентации и дискусии по предлог проектите.

Нагласуваме дека третата форумска сесија се одржува според Протоколот за одржување на форуми на заедницата во услови на ковид- 19, документ донесен од имплементаторот УНДП, со високи мерки на заштита. Просторијата е дезинфицирана, поставени се маси со пропишаното растојание од два метри при седењето, обезбедени се средства за дезинфекција и останатите потребни мерки. Организаторот, Општина Богданци ги презема сите потребни мерки, пропишани со овој Протокол.

Учесниците на форумските сесии треба да ги почитуваат пропишаните мерки за заштита во затворен простор преку носење на заштита маска.

 За форумот: Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Присутните граѓани на форумот ќе имаат можност да предлагаат и да изберат приоритетни проекти, кои ќе се финансираат од буџетниот фонд во износ од 50.000 швајцарски франци (CHF).

За проектот: Форумскиот процес е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“, чија втора компонента е зајкнување преку мали грантови за приоритетни мерки на општините, избрани преку јавни консултации.

Со почит,

Градоначалник на

Општина Богданци

Блаже Шапов

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara