Почитувани,

Работата на форумот составен од граѓаните, е на крајот од работата од овој циклус. Во среда, 26.08.2020  година, во 20.00 часот, во холот на ООУ „Петар Мусев“, закажана е четвртата сесија од проектниот форум, кој Општината Богданци го спроведува  во соработка со УНДП, преку проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

Ве покануваме на четвртата сесија од проектниот форум, на која граѓаните треба да ги изберат проектите што ќе бидат финансирани со проектен фонд од 50.000 швајцарски франци (CHF).

Во прилог на поканата Ви го испраќаме дневниот ред за работа на форумот.

Нагласуваме дека четвртата форумска сесија се одржува според Протоколот за одржување на форуми на заедницата во услови на ковид- 19, документ донесен од имплементаторот УНДП, со високи мерки на заштита. Просторијата е дезинфицирана, поставени се маси со пропишаното растојание од два метри при седењето, обезбедени се средства за дезинфекција и останатите потребни мерки. Организаторот, Општина Богданци ги презема сите потребни мерки, пропишани со овој Протокол.

Учесниците на форумските сесии треба да ги почитуваат пропишаните мерки за заштита во затворен простор преку носење на заштита маска.

За програмата:Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.

За проектот: Форумскиот процес е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“, чија втора компонента е зајкнување преку мали грантови за приоритетни мерки на општините, избрани преку јавни консултации.

 

Со почит,

Општина Богданци

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara